Креативните рачиња од основците од „Григор Прличев“ ја внесоа есента во својата училница

Вредните ученици од V1 одделение заедно со учителката Ана Христовска, на часовите по ликовно образование и творештво ја внесоа есента во својата училница. Изработија честитки со стихови за есента во кои покрај авторски стихови внесоа и лични украсни детали со мотиви од ова есенско шаренило. Највпечатливи сепак беа есенските завеси од листови кои внимателно и со многу труд ги поставија на прозорците во училницата. Оваа нивна досетливост ја разубави училницата и истата предизвика воодушевување и одобрување од страна на нивните соученици во училиштето.