Промоција на македонските вина во Данска

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска.

Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи.

И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата вранец, како најголем репрезент на македонските вина, при што се организирани две мастерклас презентации за сортата вранец, кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија, Дарел Џозеф.

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од МЗШВ, преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година.

Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското флаширано вино, каде извозот секоја година бележи пораст, Токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино на странските пазари.