Светски ден за информативен развој

Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година го основа Светскиот ден за информативен развој, за да го привлече вниманието на светот кон развојните проблеми и потребата за зајакнување на меѓународната соработка за нивно решавање (резолуција 3038 (XXVII)). Собранието одлучи дека датумот за овој Ден треба да се совпадне со Денот на Обединетите нации, 24 октомври, кој исто така беше датумот на усвојување во 1970 година, на Меѓународната стратегија за развој на втората Декада за развој на Обединетите нации.

Собранието смета дека подобрувањето на ширењето на информациите и мобилизирањето на јавното мислење, особено кај младите, ќе доведе до поголема свест за проблемите на развојот, со што ќе се промовираат напорите во сферата на меѓународната соработка за развој.

WebOhrid