Кривична за прилепчанец кој со нож се обиде да земе седативи од аптека во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавениот на 18.10.2017 година во Прилеп во аптека со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција. После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.