18 годишно момче од Косел заработи кривична пријава поради предизвикување општа опасност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 02.10.2017 година во 01:00 и во 02:40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.