Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани во посета на НБРМ

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето.

Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети.

Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни творби, кои ги предадоа во банката, со тоа учествувајќи во конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето.

Научно-образовната екскурзија учениците ја завршија со посета на Зоолошката градина во Скопје, каде научија многу за богатиот животински свет кој таму е изложен.

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани се благодарни за гостопримството на вработените од НБРМ, а благодарност изразуваат и до нивните родители, кои финансиски ја поддржаа екскурзијата.

This slideshow requires JavaScript.