Закажана првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа:

1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.

2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.

Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот.

WebOhrid