Во тек е Конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година

Во тек е конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година.

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 25-ти ноември 2017 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во четири шифрирани примероци на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2017 година”. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 25-ти декември 2017 година.