Одиграно 13 коло од Првата МФЛ

По вчерашниот натпревар помеѓу Ренова и Академија Пандев, останатите натпревари се одиграа денес, со што се комплетираше 13 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Ренова  3:1  Академија Пандев

Скопје  1:0  Пелистер

Победа  0:2  Шкендија

Работнички  1:0  Шкупи

Силекс  0:0  Вардар

На врвот од табелата и понатаму останува Шкендија со 31 бод пред Академија Пандев на второто место со 21 бод.

На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 10 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 9 голови, а Фелипе, Зоран Балдовалиев и Кире Маркоски се со по 5 постигнати голови.

#  Прва МФЛ 2017/18   Натпревари   Победи   Нерешени   Порази   Голови   Бодови 
 1.  Шкендија  13  10  1  2  38:16  31
 2.  Академија Пандев  12  6  3  3  18:13  21
 3.  Вардар  11  6  2  3  17:11  20
 4.  Силекс  13  5  4  4  11:15  19
 5.  Ренова  13  4  5  4  13:11  17
 6.  Работнички  12  4  4  4  16:17  16
 7.  Шкупи  13  4  3  6  9:16  15
 8.  Пелистер  13  3  3  7  12:17  12
 9.  Победа  13  3  3  7  16:24  12
 10.  Скопје  13  1  6  6  8:18  9

WebOhrid