Плакета за ОУ „Христо Узунов“ за придонес во аматерскиот документарен филм

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола.

На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска.

Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, а во кој учествуваше Евгенија Стојановска.

„Особена чест и задоволство ни е тоа што за прв пат ваква награда се доделува на училиште! Во оваа прилика изразуваме голема благодарност до семејствата на учениците-автори, кои несебично помагаа при реализација на проектите,на господинот Гоце Миланоски за монтажа на филмовите, на Викторија Пановска (поранешна ученичка на ОУ „Христо Узунов“), за помош при превод на текстовите од македонски на ангилски јазик и се разбира на директорот на училиштето м-р Тони Симоновски за севкупната поддршка.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.

This slideshow requires JavaScript.