Охриѓанка фалсификувала банкноти од 1000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“.

Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.