Запленети над 15 килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.С.(48) и А.С.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тие на 28-ми овој месец, околу 03,00 часот на Граничен премин Долно Блаце, се пријавиле на влез во Република Македонија со патничко возило “Шкода октавија“. При прегледот на возило, кое било изнајмено, откриени се 22 пакувања со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 15 килограми и 725 грама, скриени во внатрешноста на возилото.

Пријавените дрогата ја превзеле во соседно Косово, по претходен договор со лице од Косово, за транспортирање на марихуаната до Скопје а за паричен надомест од 500 евра за килограм, односно за 7.500 евра. Инаку вредноста на запленетата дрога на овдешниот нарко пазар би достигнала вредност од речиси 80.000 евра.