Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија традиционално го одбележа Светскиот ден на штедењето

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, на свечена седница на којашто присуствуваа м-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, претставници на банките и штедилниците во Република Македонија, како и претставници на повеќе институции со коишто Здружението на банкарството има воспоставено одлична деловна соработка. Во своето обраќање, Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора…

повеќе...

„Сахаров“ за Демократската опозиција на Венецуела

Демократската опозиција на Венецуела е овогодишен добитник на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. „Со доделувањето на наградата Сахаров за слобода на мислата на Демократската опозиција во Венецуела, ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка на демократски избраното Национално собрание на Венецуела. Исто така, повикуваме на мирен транзит кон демократијата, која венецуелскиот народ очајно ја посакува“, – истакна претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани. „Оваа награда не само што ја признава храбрата борба на Демократската опозиција на Венецуела, туку Европскиот парламент, исто така, сака да му оддаде почит на…

повеќе...

Света литургија за празникот Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски

Утре 1ви ноемрви (среда), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник – Охрид (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.

повеќе...

Кривична за лицето кое со нож се обиде да нападне вработен во аптека во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово. Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот…

повеќе...

Светски ден на градовите

Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година. Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција,…

повеќе...

Горивата поскапуваат за еден денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,81%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.10.2017 година, и со тоа малопродажните цени на: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за…

повеќе...

Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција. „Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да…

повеќе...

Одиграно 13 коло од Првата МФЛ

По вчерашниот натпревар помеѓу Ренова и Академија Пандев, останатите натпревари се одиграа денес, со што се комплетираше 13 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:1  Академија Пандев Скопје  1:0  Пелистер Победа  0:2  Шкендија Работнички  1:0  Шкупи Силекс  0:0  Вардар На врвот од табелата и понатаму останува Шкендија со 31 бод пред Академија Пандев на второто место со 21 бод. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 10 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 9 голови, а Фелипе, Зоран Балдовалиев и Кире Маркоски се со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18 …

повеќе...

Изгубениот Спајдермен пронајден во шумите во Дебрца

Поминаа нешто повеќе од 4 години откако Спајдермен леташе над Охрид, пред да биде пронајден во шумите во Дебрца. Кој би рекол дека токму тој Спајдермен еден ден ќе биде пронајден и тоа како виси на дрвјата. Станува збор за потполно идентичен балон во форма на Спајдермен како оној кој леташе над Охрид во 2013 година. WebOhrid

повеќе...

Плакета за ОУ „Христо Узунов“ за придонес во аматерскиот документарен филм

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола. На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска. Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно…

повеќе...