АВ Охрид го совлада Кожув

Во рамките на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид ја забележа втората победа оваа сезона. АВ Охрид на домашен терен го совлада Кожув со 86-74. Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18) АВ Охрид: Крег (24 поени), Бери (18), Михајловски (14), Донески (9), Лефкоски (7), Јанески (6), Глигоријевиќ (4), Лаим (2), Цого (2). Кожув: Пековиќ (23 поени), Мишковиќ (15), Шалев (13), Петров (10), Тодоровиќ (5), Тасков (4), Апостолов (3), Ангелов (1). WebOhrid

повеќе...

Несторовски со два голови го однесе Палермо на врвот од Серија Б

Илија Несторовски постигна два голови за Палермо и му донесе победа на неговиот клуб од 2:0 против Ентела. Првиот гол Несторовски го постигна во 23 минута од пенал, додека пак вториот го постигна во 48 минута од слободен удар од над 20 метри. Во 87 минута од игра излезе Несторовски, а на негово место влезе Александар Трајковски. Со оваа победа Палермо се искачи на врвот од Серија Б, додека пак Несторовски е втор на листата на стрелци со 8 постигнати голови. WebOhrid

повеќе...

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1000 набљудувачи

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во рамките на секоја од оние општини во кои ќе се гласа во недела. Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и…

повеќе...

После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

Два нови случаи на мали сипаници во текот на оваа недела

Во текот на изминатата недела (21.10 – 27.10.2017) регистрирани се два нови случаи на мали сипаници во Р. Македонија, со што вкупниот број на заболени, заклучно со 27.10.2017 изнесува 19 случаи. Во однос на местото на живеење, 10 (52,6%) лица од заболените живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано од с. Кондово, општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел. Две лица се со место на живеење во Прилеп односно Струга, но привремено престојуваат и работат во Скопје. Едно од пријавените заболени…

повеќе...

Закажана првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа: 1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања. 2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Извлечени четвртфиналните двојки од Купот на Македонија

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. За влез во полуфиналето на Купот на Македонија ќе играат: Пелистер – Победа Ренова – Скопје Тетекс – Академија Пандев Шкупи/Вардар – Шкендија Натпреварите ќе се играат на 8 и 29 ноември кога ќе се одигра и заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со Шкендија на 17 декември 2017 и 21 февруари 2018 година. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани во посета на НБРМ

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…

повеќе...

Светски ден на аудиовизуелното наследство

Аудио-визуелните документи, како што се филмовите, радио и телевизиските програми, се наше заедничко наследство и ги содржат основните податоци на 20 и 21 век. Тие помагаат да се одржи на културниот идентитет на еден народ; но безброј документарни богатства се исчезнати од пронаоѓањето на технологиите за слика и звук кои им дозволуваат на народите ширум светот подобро да ги споделат своите искуства, креативност и знаење. Темата за оваа година е: „Откријте, запомнете и споделете“. Генералната конференција на УНЕСКО го одобри одбележувањето на Светскиот ден за аудиовизуелно наследство во 2005 година…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да се водат согласно законите по пријавата на граѓаните за дивоградба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ги повикуваме надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите со тоа што веднаш и правично ќе постапат по пријавата на граѓаните за дивоградба, а со тоа ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите. СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште…

повеќе...