Расфрлани летоци за време на изборниот молк во Мислешево

Синоќа во 21:50 часот во с.Мислешево, струшко, поточно на неколку места до самиот пат и во близина на раскрсницата за селото, од страна на полициски службеници биле пронајдени расфрлени летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Плакета за ОУ „Христо Узунов“ за придонес во аматерскиот документарен филм

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола. На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска. Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно…

повеќе...

Во тек е Конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година

Во тек е конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година. Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 25-ти ноември 2017 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во…

повеќе...

После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

Закажана првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа: 1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања. 2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Бугарски државјанин неовластено навлегол во компјутерски систем

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.А. (46) од Сливо Поле, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 став 2 и 4, а во врска со став 8 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиросметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија.

повеќе...

Двајца охриѓани повредени на патот Рача-Охрид откако се превртела машина за сечење на дрва

Вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

повеќе...

18 годишно момче од Косел заработи кривична пријава поради предизвикување општа опасност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.10.2017 година во 01:00 и во 02:40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани во посета на НБРМ

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…

повеќе...

Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ за истакнат просветен работник на годината – 2017

Денес во ООУ „Братство единство”, Охрид се одржа Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“. Настанот беше посветен за добитникот Истакнат просветен работник на годината – 2017, Проф. Муамер Доко, кој е воедно и директор на училиштето. „Благодарност до моите учители и моите родители што денес јас сум Учителот! Од Сојузот на Просветните работници на Република Македонија по повод на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, после еден период од 34 години од дадениот придонес во просветата како учител и како лидер на едно модел училиште односно мултиетничко школо и во…

повеќе...