Екологистот Наумоски со свое обраќање по повод секојдневните појави на земјотреси во Охридскиот регион

По повод, повеќе неделните земјотреси што се чувствуваат во сливното подрачје на Охридското езеро, и кои кај граѓаните и туристите предизвикуваат страв, вознемирување со големи загрижувачки предупредувања за судбината на граѓаните на Охрид, за градот Охрид и Охридското езеро, кои од далечната 1980 се под заштита на УНЕСКО. За потсетување Сливното подрачје на Охридското езеро се протега од Пресека, до Св.Наум и Буково. Охридското езеро зафаќа површина од 358 км2, со водена маса од 58 км3. Од Охридското езеро на годишно ниво испарува вода во вид на водена пареа од…

повеќе...

Писмо: Диви продавачи на овошје и зеленчук на секој чекор низ Охрид

Загрижен охриѓанец  упати допис до нашата редакција во кој стои: „Овие диви продавачи на овошје и зеленчук ги има на секој чекор низ градот. Продаваат на улица, со прашина, овошјето се расипува и тука го фрлаат, мириса на сите страни, а плус е канцерогено, може да се затрујат луѓево. Како може вака? Срамота е, ќе се испоразболиме сите! Исто така, не плаќаат ниту даноци ниту ништо, а претставуваат и грда слика за туристите. Веќе е пријавено во сите инспекции, нека дојде инспекција нека види!“ – стои во дописот од нашиот…

повеќе...

Обраќање на екологистот Лазо Наумоски по повод Светскиот ден на Екологијата

Во интерес на вистината за истребувањето на охридската пастрмка и изнаоѓање на правото решение з нејзината заштита и опстојување во водите на охридското езеро ви го испракам моето обраќање. ОБРАЌАЊЕ Од Наумоски Лазо Дипл. Инженер Агроном Експерт по Аграр и Екологија и независен Екологист од Охрид ПОВОД: Петти Јуни светски ден на Екологијата, и поминати две години од промовирањето на книгата “Битка за спас на Охридската еднемична Пастрмка и нејзино истребување”. Книгата е промовирана на светскиот ден на Екологијата 05.06.2015 година во простотиите на Домот на културата Григор Прличев во…

повеќе...

Охрид SOS: Извојувана граѓанската битка за Студенчишко Блато

По запирање на незаконскиот хотел во Лагадин извојувана уште една граѓанска битка: урбаниот блок 17.1 Студенчишко Блато останува строго заштитена зона додека не се изработи студија за валоризација. Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ заедно со Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. со свои претставници учествуваше на стручната расправа за измените на Генералниот урбанистички план за Охрид 2014-2024 г. За жал, информацијата за стручната расправа не беше достапна на официјалната веб-страница на Општина Охрид иако локалната самоуправа има должност за сите одлуки кои ја засегаат јавноста соодветно да ја…

повеќе...

Отворено писмо: Очекуваме Египќанец/ка да биде на добитна комбинација на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Египќаните од Охрид, како втора по бројност етничка заедница, основано положуваат големи надежи дека Египќанец или Египќанка ќе се најде на добитно место на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ-Охрид.Како, НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ, која потпиша Меморандум за Соработка со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, која од друга страна е победник на одржаните предвремени парламентарни избори и која освои 51 мандат, огромно мнозинство на Египкани, ги подржаа листите на ВМРО ДПМНЕ, иако немаше на тие листи Египќанец или Египќанка. Ние, цврсто стоиме на ставот, дека пред се и над се државните…

повеќе...

Еко-свест со отворено писмо до Општина Охрид

Почитуван г-дин Бакрачески, Со цел изнаоѓање на заедничко решение, а во насока на оддржлив развој во општина Охрид и без предизвикување штети на скапоцениот биодиверзитет во вашата општина, би сакале преку ова отворено писмо да Ве поканиме на работна средба. Изминатата година Еко-свест оствари соработка со граѓански иницијативи и домашни и странски експерти во насока на изнаоѓање решенија кои би понудиле оддржлив развој на Охрид. Како резултат на овие соработки беше организирана научната конференција „Скапоценостите на Македонија“ на која беше утврдена огромната важност на биодиверзитетот во НП Галичица и Охридско Езеро и од страна на домашните…

повеќе...

Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба

Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…

повеќе...

Писмо: Грубо кршење на судска забрана на градилиште во Охрид

1. Имено, пред помалку од еден месец, поради несовесно градење на фирмата ТИМ ИНЖЕЊЕРИНГ од Скопје, во центарот на градот Охрид, веднаш позади Општината, а наспроти економското училиште, се направи огромно свлечиште во соседниот двор( дворот од нашата семејна куќа), при што беше буквално однесен половина двор и куќата речиси висеше на конец. Ние, како семејство кое живее во таа куќа, веднаш реагиравме, најпрво кај соседот кој гради, кај кого не наидовме на никакво разбирање, напротив наидовме на агресивен однос. Неможејќи да најдеме разбирање кај соседот и главниот инвеститор фирмата…

повеќе...

Додевски: Извидници ќе ја спасуваат ДЗС (Дирекција за Заштита и Спасување)

Деновиве во охридските портали, имавме прилика да прочитаме дека: “Осумнаесет учесници од девет балкански држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од тренинг семинарот за преживување и спасување во природа, што го организираше Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, а со поддршка на Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција на југоисточна Европа.”, како и тоа дека: “Учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да споделат искуства и знаење од областа на трагање,…

повеќе...

Еко-колумна: Понесете го екологистот во себе!

Пред да излезете од дома – подгответе се! Секогаш со вас понесете го и екологистот во вас! Им помина времето на разно-разните отпади кои стоеа така покрај плажите, на плажите, но и во водата. Стакло, пластика, лименки, најразличен цврст отпад… Време е за екологија! Секогаш било и секогаш ќе биде! Ниту комуналните претпријатија, ниту еколошките друштва не успеваат да се справат со толкаво загадување. Едноставно, лесно е да се загади, но тешко е да се исчисти. Како ли само дошло до толкаво загадување?! Кој е виновен? Нашите дедовци, татковци, другари, пријатели…

повеќе...