Писмо: НЕ за експресниот пат

Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба…

повеќе...

Скандалозно: За мене мама и тато значат исто, дали и за Државата?

Сега можеби ќе речете дека сум себичен, но кога ќе го знаете мојот проблем воопшто нема ни да помислите на такво нешто. Ќе почнам вака… Името не го пишувам тука, но оној кој сака може лесно да го дознае, годините веќе не ги бројам затоа што немам причина за тоа, а и зошто да ги бројам кога за само 5-6 месеци преживеав и видов многу повеќе него што поминал некој за цели 100 години живеење. Мислите дека 5-6 месеци се малку? Од Ваша гледна точка можеби да, но за мене…

повеќе...

Писмо: Да се отвори поширока дебата за начинот на доделување на највисоките општински признанија

Како одговор на некои шпекулации и инсинуации кои произлегуваат од одлуката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при советот на Општина Охрид, за недоделување на Повелбата –Патрон на Охрид за 2015 година би сакал како нејзин Претседател да информирам дека: Конкурсот за доставување на пријави за доделување повелба завршен е на 20 Ноември 2015 година и оваа година беше со најдолг рок за доставување на апликации. Комисијата согласно својата пракса закажа состанок на 24 .Ноември за отворање и увид во пристинатите апликации и…

повеќе...

Писмо: Да се потсетиме на 29-ти Ноември – Денот на Републиката

Чест ни е и задоволство да се потсетиме на државниот празник 29 Ноември – Денот на Републиката, празник кој се славеше и беше почитуван и респектиран на целата територија на СФРЈ заедница од сите граѓани на републиките – држави на СФРЈ. Ако не беше НОВЈ и ПОМ предводени од КПЈ и КПМ во која учествуваа социјалисти, комунисти и други граѓани во антифашистичката војна против фашистичкиот окупатор предводени од легендарниот Ј.Б. Тито 1941-1943 немаше да биде ни АВНОЈ ни АСНОМ ни 8-ми Септември. РМ ака сака да гради посигурна иднина и…

повеќе...

Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески

Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески Големо е задоволството, лично и колективно, на плејада генерации -Египќани, кои се посветиле на афирмација на „Египканското прашање“ да бидат спомнати во говорот на еден модерен и проевропски политичар, олицетворен во ликот и делото на Д-р Никола Бакрачески, кој на меѓународна конференција „Единство во различноста“, што се одржа во градот Фиренца-Италија ги истакна припадниците на етничката заедница Египќани, како посебен, автентичен и автохтон етникум. Тоа, дефинитивно преставува афирмација на мојот народ, во светски рамки, и не беа залудни нашите надежи,  кои ги поклонавме на…

повеќе...

Колумна: Мнозински изборен модел со загарантирани пратенички мандати за малцинствата и дијаспората

Секој изборен модел, без загарантирани пратенички мандати за ранливите етнички заедници, како што се Египќаните, Црногорците, Хрватите, Бугарите во Р.Македонија, како и зачувување на 3 -те пратенички мандати за Дијаспората, всушност се изборни модели, кои не коренспондираат со демократските вредности и начела, како и со намерите да имаме едно стабилно, отворено, и демократско, мултиетничко,мултиконфесионално и мултикултурно општество. Од формално-правен аспект, нема никакви препреки, бројот на пратениците во Законодавниот дом да биде 127 или 130, бидејки тој број не е фиксно утврден и се движи од 120-140 пратеници. Со еден ваков…

повеќе...

Колумна: Загарантирано пратеничко место за Египќаните или бојкот на изборите – Време е, доста беше!

Драги мои, ако го имаме во предвид ноторниот факт, дека во Р.Македонија има околу 30.000 Египќани, како докажано лојален, автохтон, автентичен етникум, како даночни обврзници во својата татковина Р.Македонија, ако се земаат во предвид и ноторните факти, како и една објективна стварност, дека над 7000 етнички Египќани од Р.Македонија се на привремен престој, живеат и работат во Западна Европа, Соединетите Американски држави, Австралија, кои на директен или индиректен начин, финансиски помагајки ги нивните блиски во родната татковина Р.Македонија, и на тој начин, придонесувајки кон развојот на Македонската економија, сосема е…

повеќе...

Колумна по повод 24ти јуни – Денот на балканските Египќани

Драги мои, секое човечко битие, има право на слобода, срека, избор, мир,слободно изјаснување на националната припадност, самоопределување и цела лепеза на права и слободи, кои се Уставно загарантирани, во секоја демократска, цивилизирана и држава која ги практикува овие придобивки, за кои, паѓало многу крв и многу човечки судбини и жртви. Денес, Египканите во Р.Македонија, за жал, формално правно, не им е согласно Законот за Празници на Р.Македонија, загарантиран ден, посветен на ова , автохона, автентична етничка заедница во Р.Македонија, за чија лојалност, државотворност,конструктивност, не се ни осудувам дакоментирам. Докажани лојалисти,…

повеќе...

Колумна: Екологизмот како култура на живеење

Денот на екологијата 5 Јуни кој годинава глобално го краси мотото „Седум милијарди сништа, Една планета. Грижливо користете ја“ не треба да биде само ден на кој уште еднаш ќе проколнуваме зошто не се грижиме за животната средина туку ден да се потсетиме и научиме колкаво е значењето на екологијата во далеку посериозни сегменти. Да проговориме колкава е важноста на екологијата при носењето на политички одлуки и за економските движења. Затоа во годинешнава колумна ќе проговорам кратко токму за тоа. Екологијата во контекст на носењето на политички одлуки е исклучително…

повеќе...

Колумна: Д-р Никола Бакрачески останува приоритетна надеж за напредокот на Египќаните

Драги мои, децениската „сизифивска“ борба за неповратно позиционирање на припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, како автохтон и автентичен етникум во мултиетничка Македонија, дефинитивно не успеа да се ефектуира кон она што значи да бидат дел од Преамбулата на највисокиот правен акт, која иако има декларативен карактер, е солидна почва од која генерираат низа форми на дискриминација, како еден општествен феномен, кој го гризе и онака кревкото мултиетничко и мултикултурно општество,она хетерогено општество,кое и тоа како тешко за одржување во „живот“ со сите свои различности, кои носат и предности но…

повеќе...