Одиграно 13 коло од Првата МФЛ

По вчерашниот натпревар помеѓу Ренова и Академија Пандев, останатите натпревари се одиграа денес, со што се комплетираше 13 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:1  Академија Пандев Скопје  1:0  Пелистер Победа  0:2  Шкендија Работнички  1:0  Шкупи Силекс  0:0  Вардар На врвот од табелата и понатаму останува Шкендија со 31 бод пред Академија Пандев на второто место со 21 бод. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 10 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 9 голови, а Фелипе, Зоран Балдовалиев и Кире Маркоски се со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18 …

повеќе...

АВ Охрид го совлада Кожув

Во рамките на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид ја забележа втората победа оваа сезона. АВ Охрид на домашен терен го совлада Кожув со 86-74. Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18) АВ Охрид: Крег (24 поени), Бери (18), Михајловски (14), Донески (9), Лефкоски (7), Јанески (6), Глигоријевиќ (4), Лаим (2), Цого (2). Кожув: Пековиќ (23 поени), Мишковиќ (15), Шалев (13), Петров (10), Тодоровиќ (5), Тасков (4), Апостолов (3), Ангелов (1). WebOhrid

повеќе...

Несторовски со два голови го однесе Палермо на врвот од Серија Б

Илија Несторовски постигна два голови за Палермо и му донесе победа на неговиот клуб од 2:0 против Ентела. Првиот гол Несторовски го постигна во 23 минута од пенал, додека пак вториот го постигна во 48 минута од слободен удар од над 20 метри. Во 87 минута од игра излезе Несторовски, а на негово место влезе Александар Трајковски. Со оваа победа Палермо се искачи на врвот од Серија Б, додека пак Несторовски е втор на листата на стрелци со 8 постигнати голови. WebOhrid

повеќе...

Извлечени четвртфиналните двојки од Купот на Македонија

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. За влез во полуфиналето на Купот на Македонија ќе играат: Пелистер – Победа Ренова – Скопје Тетекс – Академија Пандев Шкупи/Вардар – Шкендија Натпреварите ќе се играат на 8 и 29 ноември кога ќе се одигра и заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со Шкендија на 17 декември 2017 и 21 февруари 2018 година. WebOhrid

повеќе...

Вршац речиси двојно подобар од АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид го одигра третиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и третиот пораз оваа сезона. Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека лидерот на табелата во АБА 2 лигата – тимот на Вршац. Гостите од Вршац играа одлично на целиот натпревар, беа надмоќни и успеаа да победат со 61:111, односно првата четвртина ја добија со 18-28, втората со 14-25, третата со 18-23 и четвртата со 11-35. По овој натпревар екипата на Вршац се зацврсти на првото место од АБА 2 лигата,…

повеќе...

Одиграно 12 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 12 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Академија Пандев  3:2  Шкендија Пелистер  1:2  Силекс Работнички  3:1  Вардар Ренова  5:1  Скопје Шкупи  1:0  Победа На врвот од табелата и понатаму останува Шкендија со 28 бодови пред Академија Пандев на второто место со 21 бод. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 9 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 8 голови, а Фелипе, Зоран Балдовалиев и Кире Маркоски се со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18   Натпревари   Победи   Нерешени   Порази   Голови   Бодови   1.  Шкендија  12  9  1…

повеќе...

МКФ: Котизацијата е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на членовите, играчите и нивните родители

Македонската кошаркарска федерација, излезе со соопштение со кое упатува апел до родителите на младите кошаркари и кошаркарки во врска со плаќање на котизациите за учество во младинските лиги. „Со овој допис, сакаме да ја информираме сета јавност во Република Македонија дека котизацијата која се плаќа за учество во една лига е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на неговите членови односно играчи како и нивните родители. Кошарката е спорт кој треба да биде достапен за сите деца подеднакво, а не луксуз на поединци. Клубовите треба да овозможуваат…

повеќе...

Одиграно 11 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 11 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Скопје  1:1  Академија Пандев Победа  1:0  Вардар Работнички  2:0  Пелистер Шкендија  4:1  Шкупи Силекс  0:0  Ренова На врвот од табелата останува Шкендија со 28 бодови. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 9 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 7 голови, Фелипе и Кире Маркоски со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18   Натпревари   Победи   Нерешени   Порази   Голови   Бодови   1.  Шкендија  11  9  1  1  34:13  28  2.  Вардар  9  6  1  2  16:8  19  3.…

повеќе...

Фени Индустри поуспешен од АВ Охрид

Во рамките од третото коло од Првата Македонска кошаркарска лига, тимот на Фени Индустри беше поуспешен од АВ Охрид. На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона. „Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав. Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23,…

повеќе...

Јаховиќ со два нови голови

Јаховиќ повторно стрелец на два голови. Денес, во рамките од турската Супер лига, Гозтепе на домашен терен играше против Аланијаспор. Јаховиќ го отвори резултатот во 41 минута, со што Гозтепе водеше на полувреме со 1:0. Во второто полувреме гостите изедначија на 1:1 во 66 минута. Гозтепе повторно дојде во водство во 72 минута, а Јаховиќ зголеми и на 3:1 во 74 минута. Кога се чинеше дека се е решено, домашните некако се опуштија особено во одбраната и примија два голови во 87 и во 90+2 со што натпреварот заврши без…

повеќе...