Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува на 17-ти октомври секоја година, почнувајќи од 1993 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации, со резолуцијата 47/196, го назначи овој ден за да се поттикне свеста за потребата за искоренување на сиромаштијата и бедата во сите земји. Темата за 2017 година е: „Одговарајќи на повикот од 17 октомври за крај на сиромаштијата: Пат кон мирни и инклузивни општества“ Темата оваа година нè потсетува на важноста на вредностите на достоинството, солидарноста и нагласувањето на Повикот за акција за да и се стави крај…

повеќе...

Светски ден на храната

На 16 октомври 1945 година, во Квебек, Канада, 42 земји оформија Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Притоа тие направија уште еден важен чекор во постојаната борба на човекот против гладта и неухранетоста. Преку воспоставување на ФАО тие самите, но и многу други земји кои беа предвидени да влезат во Организацијата, може да се справат со проблеми кои се од голема важност за сите земји и сите луѓе. ФАО го прославува Светскиот ден на храната секоја година на 16 октомври, денот на кој Организацијата е основана во…

повеќе...

Србија ќе ги соборува нелегалните дронови

Србија се соочува со голем број на дронови. Според српските медиуми, се проценува дека Србија има дури 4 илјади дронови, а само 150 од нив се регистрирани, односно околу 50 регистрирани барања месечно добиваат дозвола за управување на дрон. Казните за непријавувањето, односно нелегалното управување на дрон се високи. Паричната казна изнесува од 50 илјади до 150 илјади динари, додека пак можна е дури и затворска казна од 30 до 60 денови. Во Србија од неодамна стигна и првиот уред за пресретнување на беспилотни летала кои летаат без дозвола, а се наоѓаат…

повеќе...

Меѓународен ден на руралната жена

Првиот Меѓународен ден на жените од руралните средини е одбележан на 15 октомври 2008 година. Овој меѓународен ден, формиран од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во својата резолуција 62/136 од 18 декември 2007 година, ја препознава „критичната улога и придонесот на жените од руралните средини, вклучувајќи ги и домородните жени, во подобрување на земјоделскиот и руралниот развој, подобрување на безбедноста на храната и искоренување на руралната сиромаштија.“ Руралните жени се клучни за остварување на трансформационите економски, еколошки и социјални промени потребни за одржлив развој. Но, ограничениот пристап до…

повеќе...

Меѓународен ден за намалување на катастрофи

Со резолуцијата 64/200 од 21 декември 2009 година, Генералното собрание одлучи да го назначи 13 октомври како датум за одбележување на Денот и да го промени неговото име на Меѓународен ден за намалување на катастрофи. Целта на одбележувањето е да се подигне свеста за тоа како луѓето преземаат мерки за намалување на ризикот од катастрофи. Кампањата за 2017 година се обидува да ја подигне глобалната свест за ефективните акции, политики и практики преземени за да се намали изложеноста на ризик од катастрофи на ниво на заедницата, со што се придонесува…

повеќе...

Светски ден за заштита на менталното здравје

Светскиот ден за заштита на менталното здравје се одбележува во организација на Светската федерација за ментално здравје (WFMH) од 1992 година, на 10 Октомври секоја година во повеќе од сто земји низ целиот свет. Менталното здравје е составен дел на општото здравје. Тоа претставува важен ресурс за поединецот, семејството и нацијата. Проблемите и пореметувањата на менталното здравје, поради релативно високата преваленца и често хроничниот тек, како и почетокот во младата возраст и адолесценцијата, претставуваат еден од приоритетните јавно-здравствени проблеми. WebOhrid

повеќе...

Светски ден на поштите

Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнината од основањето на Светскиот поштенски сојуз во 1874 година во швајцарскиот главен град Берн. Овој ден беше прогласен на UPU (Universal Postal Union) конгресот кој се одржа во Токио, Јапонија во 1969 година. Оттогаш, земјите ширум светот учествуваат во прославувањето на овој ден секоја година. Поштите во многу земји го користат овој ден за да воведат или промовираат нови поштенски производи и услуги. Во 2015 година земјите од целиот свет се обврзаа да работат заедно кон…

повеќе...

Светски ден на учителот

Светскиот ден на учителот/наставниците се одбележува секоја година низ целиот свет и ги поврзува владите, мултилатералните и билатералните организации, невладините организации, приватниот сектор, наставниците и експертите во областа на наставата. Препознавајќи ги наставниците како клучни за постигнување на Програмата за образование 2030. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, на светот му требаат 69 милиони наставници ако сакаме да постигнеме универзално основно и средно образование до 2030 година. Одржувајќи се годишно на 5 октомври уште од 1994 година, Светскиот ден на наставниците ја одбележува годишнината од потпишувањето на Препораката на УНЕСКО…

повеќе...

Светски ден на животните

На 4-ти октомври, ширум целиот свет се одбележува Светскиот ден на животните. Светскиот ден на животните е основан во 1931 година во Фиренца на Светскиот конгрес на пријатели на животните. Главната цел на одбележувањето на Светскиот ден на животните е да се привлече вниманието на неправдите кои луѓето им ги нанесуваат на животните, а со тоа да ги поттикне државните власти да бидат доследни на имплементација на законодавството во врска со благосостојбата на животните. Мисијата на овој ден е унапредување на статусот на животните, за подобрување на нивните стандарди ширум…

повеќе...

Светски ден на живеалиштата

Обединетите нации го назначија првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата, за да ја прикажат состојбата на нашите градови, како и основното право на соодветно засолниште за сите. Исто така, го потсетува светот дека сите ние имаме моќ и одговорност да ја оформиме иднината на нашите градови. Секоја година, Светскиот ден на живеалиштата зазема нова тема за промовирање на политики за одржлив развој кои обезбедуваат соодветно засолниште за сите. Темата за 2017 година е „Политики за домување: Достапни домови“. Овие теми често промовираат една од главните области на кои што…

повеќе...