Меѓународен ден на ненасилство

Меѓународниот ден на ненасилство се одбележува на 2 октомври, роденденот на Махатма Ганди, лидерот на движењето за независност на Индија и пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилство. Според резолуција на Генералното собрание A/RES/61/271 од 15 јуни 2007 година, со која беше формирана комеморацијата, Меѓународниот ден е прилика да се „пренесе пораката на ненасилство, вклучување преку едукација и подигање на јавната свест“. Резолуцијата го потврдува „универзалното значење на принципот на не-насилството“ и желбата „да се обезбеди култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство“. Претставувајќи ја резолуцијата на Генералното собрание на…

повеќе...

Меѓународен ден на постарите лица

На 14 декември 1990 година Генералното собрание на Обединетите нации (со резолуцијата 45/106) го назначи 1 октомври за Меѓународен ден на постарите лица. Тоа беше проследено и со иницијативи како беше Виенскиот меѓународен акционен план на стареењето – кој беше усвоен од страна на Светското Собрание на стареењето во 1982 година, и усвоено една година подоцна од страна на Генералното собрание на ОН. Во 1991 година, Генералното собрание (со резолуцијата 46/91) ги усвои начелата на ОН за старите лица. Во 2002 година, Второто Светско Собрание на стареењето го усвои Мадридскиот…

повеќе...

Меѓународен ден на преводот

Иако овој ден се одбележува уште од 1953 година од страна на Меѓународната Федерација на преведувачи, сепак, оваа година, Обединетите нации за првпат го прославуваат Меѓународниот ден на преводот. На 24 мај 2017 година, Генералното собрание ја усвои резолуцијата 71/288 за улогата на јазичните професионалци во поврзувањето на нациите и за поттикнување на мирот, разбирањето и развојот, и официјално го прогласи 30 септември како Меѓународен ден на преводот. Одбележувањето е наменето како можност да им оддаде признание на професионалците во областа на јазикот за нивната работа, која има важна улога…

повеќе...

Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето се одбележува на 29 септември секоја година. Во мај 2012 година, светските лидери се обврзаа да ја намалат глобалната смртност од незаразни болести за 25% до 2025 година. Кардиоваскуларните болести се одговорни за скоро половина од сите смртни случаи од незаразни болести, што ги прави убиец број еден во светот. Светскиот ден на срцето е, според тоа, е совршена платформа за заедницата на кардиоваскуларните болести да се обединат во борбата против тие болести и да го намали глобалниот товар на болеста. Создаден од Светската федерација за…

повеќе...

Меѓународен ден за универзален пристап до информации

На 17 ноември 2015 година, УНЕСКО ја усвои резолуцијата (38 C/70) со која 28 септември е назначен како Меѓународен ден за универзален пристап до информации. 2017 е втора година како УНЕСКО го одбележува овој ден. Овој ден има посебно значење во новата развојна агенда 2030 година, а особено за целта на одржливиот развој која повикува на обезбедување на слободен пристап до информации и заштита на основните слободи. Исто така, канцелариите на УНЕСКО во многу земји од целиот свет заедно со локалните власти и граѓанското општество ќе го одбележат овој ден преку организирање…

повеќе...

Светски ден на поморството

Светскиот поморски ден официјално се одбележува на 28 септември 2017 година. Често овој ден се одбележува последниот четврток од септември. Земјите-членки на Обединетите нации и сите останати заинтересирани се поканети да прославуваат со активности во текот на истата недела и во текот на целата година. Темата за 2017 година е: „Поврзување на бродови, пристаништа и луѓе“, која е избрана за да обезбеди можност фокусот да се стави на врз различните актери кои се вклучени во транспортните и логистичките области. Морскиот сектор, кој ги вклучува превозот, пристаништата и луѓето кои управуваат со…

повеќе...

Светски ден на туризмот

Во текот на изминатите шест децении, туризмот доживеа континуирана експанзија и диверзификација, и стана еден од најбрзо растечките и најзначајните економски сектори во светот, во корист на дестинациите и заедниците низ целиот свет. Меѓународните туристички пристигнувања ширум светот се зголемија од 25 милиони во 1950 година на скоро 1,2 милијарди во 2015 година. Слично на тоа, приходите од меѓународниот туризам заработени по дестинации ширум светот се зголемија од 2 милијарди американски долари во 1950 година на 1260 трилиони во 2015. Секторот претставува околу 10 % од светскиот БДП и 1…

повеќе...

Меѓународен ден за целосно елиминирање на нуклеарното оружје

Постигнување на глобално нуклеарно разоружување е една од најстарите цели на Обединетите нации. Тоа беше предмет на првата резолуција на Генералното собрание во 1946 година. Тоа е на агендата на Генералното собрание, заедно со општото и целосното разоружување уште од 1959 година. Тоа е истакната тема на разгледувањето на конференциите одржани во ОН од 1975 година на државите членки. Тоа беше идентификувана приоритетна цел на првата специјална сесија на Генералното собрание на разоружување во 1978 година, што поттикна посебен приоритет на нуклеарното разоружување. Сепак, денес, остануваат уште 17.000 видови нуклеарно…

повеќе...

Европски ден на јазиците

Европската година на јазиците во 2001 година, како настан организиран заеднички од страна на Советот на Европа и Европската Унија, беше успешен во вклучувањето на милиони луѓе од 47 земји-учеснички. Целта на активностите беше да се прослави во име на јазичните разлики во Европа и да се промовира учењето на јазици. Следејќи го успехот на тој настан, Советот на Европа го прогласи Европскиот ден на јазиците да се слави секоја година на 26 септември. Општите цели на Европскиот ден на јазиците се: Известување на јавноста за важноста на учењето на…

повеќе...

Светски ден без автомобили

Секоја година, на 22 септември или околу тој ден, луѓето од целиот свет се собираат на улиците, раскрсниците за да го потсетат светот дека не мора да се прифати општеството во кое доминираат автомобилите. Но, тоа не треба да биде само еден ден, на денот од прославата, а потоа да се вратиме во „нормален“ живот. Кога луѓето ќе излезат од своите автомобили, тие треба да останат надвор од своите автомобили. Од нас зависи, од нашите градови и од нашите влади, да помогнат да се создадат трајни промени во корист на…

повеќе...