При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”. На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.

повеќе...

Кривична за лицето кое со нож се обиде да нападне вработен во аптека во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово. Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот…

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Лука

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот…

повеќе...

Светски ден на градовите

Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година. Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција,…

повеќе...

Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата редовна 34 седница

Владата на Република Македонија утре, 31 октомври, ќе ја одржи својата редовна 34-та седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните. На предлог на Министерството за транспорт и врски, владата ќе ја разгледа информацијата за потреба од доставување на апликации за обезбедување на техничка помош грант средства од Акцискиот програм CONNECTA за проектите: „Изработка на проектна документација и имплементација на Интелигентен транспортен систем на патиштата“ и „Подготовка на проектна документација на ниво на основен проект за поставување на заштитна ограда и сигнализација на патниот Kоридор 10“. На…

повеќе...

Запленети цигари, домашна ракија и облека

Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, домашна ракија, кожни јакни, бунди од природно крзно, облека и фалсификати. Задржана е следната стока: Цигари и домшна ракија – 150 штеки цигари без акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус што сообраќал на релација Косово – Турција, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Цигарите биле пронајдени под душекот на креветот во делот за одмор на…

повеќе...

„Кавалерија рустикана“ за одбележување на 70 години Македонска опера

Утревечер, Македонската опера и балет одбележува 70 годишнината од своето формирање со премиера на „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, операта која била прва изведена на сцената на тогашниот МНТ, на 9-ти мај 1947 година. Диригент е Џанлука Мартиненги, а режисер е Џандоменико Вакари, гости од Италија. Славеничката вечер, на која се поканети основоположниците на оперската и на балетска уметност во земјава, дипломатскиот кор, владини претставници и љубители на операта, ќе почне со гала – оперски концерт под диригентство на Бисера Чадловска, која е в.д. раководител на Операта. На концертот ќе…

повеќе...

Сумарен извештај за пријавени настани во текот на вчерашното гласање

Во врска со текот на вториот круг од локалните избори во периодот од отворањето на гласачките места во 07,00 часот па се до нивното затворањето вчеравечер (29.10.) во 19,00 часот, Министерството за внатрешни работи евидентираше вкупно 28 настани по кои што се преземени или се уште се превземаат мерки и активности за нивно целосно расчистување. Заедно со деветте настани евидентирани во текот на предизборниот молк до почетокот на гласањето, вкупната бројка на пријавени настани изнесува – 37. Притоа, констатирани се шест прекршоци, а за два случаи кои имаат кривично-правни елементи…

повеќе...

Горивата поскапуваат за еден денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,81%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.10.2017 година, и со тоа малопродажните цени на: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за…

повеќе...

Театар Комедија од Скопје гостува во Охрид

Актерите од Театар Комедија на 4-ти ноември, во 20 часот, пред охридската публика ќе ја играат 101-та изведба на мега популарната претстава „Стујардеси“. Претставата „Стјуардеси“ е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Режисер на претставата е Синиша Евтимов, сценографија и костимографијата – Илина Ангеловска, музика – Драган Ѓаконовски Шпато.Играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков. Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка…

повеќе...