Кривична пријава за охриѓанец поради бесправна сеча на огревно дрво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид. Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од…

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Жител од струшко Џепин починал додека собирал дрва

Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил притиснат од едно дрво по што починал на местото. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

Реконструкција на тротоарите и замена на дрворедот на бул. „Туристичка“ од кружниот тек со ул. „Стив Наумов“ до кружен тек со ул. „Бистрица“

Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул. „Туристичка“. Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година. При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“ констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар. По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на…

повеќе...

Непознати лица краделе дрва со моторна пила и два коњи во близина на изворот Свети Наум

Вчера околу 17:00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Св.Наум“ и Шумска Полиција биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата. Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид. Истите ќе бидат подигнати…

повеќе...

Кривична за жител од Дебар поради пустошење шуми и кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и “кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.К. (36) од Дебар. Пријавениот, во периодот од 20 до 22 јануари оваа година во атарот на селото Бомово поточно кај „Бомовските гробишта“, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел шест дабови дрва сопственост на Република Македонија во количина од 3,37 метри просторни со што направил штета во вредност од 23.590 денари. Во периодот од 23 јануари до 27 јануари оваа година, пријавениот исто така…

повеќе...

Кривични пријави за две лица од Велгошти за бесправна сеча на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ш. (25) и И.Б. (25) двајцата од охридското село Велгошти. Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој, нелегално набавил патнички џип „Митсубиши Пајеро“ и му поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило. Во текот на минатата година, пријавени во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и без одобрение за сеча,…

повеќе...

Намалено вкупното производство на шумски производи во четвртото тримесечје од 2016

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, е намалено за 31.7%. Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради пустошење шума

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“. На 16.09.2016 година во 15.10 часот на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на с. Опеница, од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот како управува товарно возило во кое превезувал 4,9 кубни метри бесправно исечени огревни дрва.

повеќе...

Со фалш одобрениjа за сеча успеале нелегално да исечат и изнесат 522 м3 огревни дрва

Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против единаесет лица (седумина од Велес и четворица од Скопје): С.П. (49) за – “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување службена исправа“ додека против С.Ј. (57), Т.А. (64), Б.Т. (77), В.Г. (78), Ѓ.С. (78), С.Т. (59), Б.К. (47), М.А. (45), А.К. (54) и С.В. (64) за “помагање“ в.в „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот во својство на службено лице лиценцирано за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на…

повеќе...