Поднесени осум кривични пријави за 13 лица кои сториле 15 кривични дела

Во текот на минатиот месец, постапувајќи во рамките на опартивната акција “Гора“ за спречување на нелегална сеча и трговија со огровно дрво СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе осум кривични пријави со кои се опфатени 13 лица, а за сторени 15 кривични дела од кои: четири кривични дела “кражба“ (три по чл.235 ст.3 и едно по чл.235 ст.3 в.в. со чл.22), три кривични дела – “фалсификување или уништување деловни книги“ (едно по чл.280 ст.1 и две по чл.280 ст.2), по две дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353),…

повеќе...

Дрва за огрев пристигнуваат дури и со една коњска сила

По енормно ниските температури во Охрид, особено во текот на изминатиот месец, видно се намалија и залихите на дрва за огрев. Деновиве можеше да се забележи како нашите сограѓани набавуваат повеќе дрва за огрев, а не се бира ниту превозот. Зимата календарски сеуште трае, а убавите сончеви денови се користат за набавка на повеќе дрва за огрев, без разлика дали тие стигнуваат и со една коњска сила. WebOhrid

повеќе...

Искршени дрвја од невремето – надлежните на терен

Со последните врнежи од снег и дожд повторно се забележани штети и скршени дрвја на територијата на општина Охрид. Екипите на „Паркови и зеленило“ се на терен и ја санираат штетата: се отстрануваат скршените гранки во близина на маркетот „Рамстор,  по градскиот кеј во близина на поранешното ПТТ одморалиште и  во стариот дел од градот- по патеката која ги поврзува месноста Кошишта со Горна Порта каде паднатите гранки ја оштетиjа оградата и клупите. Во изминатите два дена покрај ангажирањето на вработените од оваа работна единица во расчистување на тротоарите по целата…

повеќе...

Запленети над 125 метри кубни огревни дрва вредни 850.000 денари-кривични за 29 лица

Во периодoт од 01.10 заклучно со средината на овој месец, односно 15.12. СВР Скопје постапувајќи согласно претходно изготвени планови за превземање на мерки и активности во рамките на ОА „Гора“, до надлежното ОЈО поднесе вкупно 19 кривични пријави (18 поднесени од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал и една од страна на ПС ОН Драчево) со вкупно 29 пријавени лица (меѓу кои две малолетни), за сторени вкупно 22 кривични дела и тоа: 10 “кражби“ по чл.235 ст. 3 и 4, три по чл.226 (“пустошења на шуми“), две по…

повеќе...

Вработени во ЈП „Македонски шуми“ го оштетиле претпријатието за 1.545.670 денари

НК за КР при ПС ОН –Македонски Брод, до ОЈО-Кичево поднесе кривична пријава против лицaта: С.С.(44) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како шумарски инженер, Б.Б.(60) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како референт за сеча и дотур, Т.Љ.(57) вработен во ЈП “Македонски шуми“ како контролор на рампа и С.Д.(51) вработен во приватна фирма-рибник, сите од Македонски Брод., за сторени кривични дела -“несовесно работење во службата“и „пустошење на шума“ (против тројцата вработени во ЈП “МАкедонски шуми“), и за “пустошење на шума“ (за четвртопријавениот). Во октомври и ноември гoдинава постапувајќи спротивно на законските…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Дебрца поради шумска кражба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(53) и Д.Ц.(76) од с.Дебрца, за сторени две кривични дела „шумска кражба“. Во периодот од август до ноември 2014 година, во шума во државна сопственост во атар на с.Песочан, првопријавениот извршил бесправна сеча на 5,7 метри дабово огревно дрво, додека второпријавениот 4,5 метри кубни дабово огревно дрво. По преземени мерки на 19.11.2014 година извршен е претрес, при што кај пријавените лица се пронајдени 10,2 метри кубни дрва.

повеќе...

Заев: Израснати садници за здрава средина, а не фарса како власта

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија, денеска, засадија квалитетни повеќегодишни садници од бор и туја на локацијата на старата струмичка депонија за цврст отпад која што се наоѓа до гасната станица на ЈПЕД „Струмица гас“. Со засадувањето на вакви садници, општина Струмица уште еднаш го даде својот влог и го потврди сериозниот однос кон животната средина. Градоначалникот Заев, истакна дека општина Струмица го следи денот на дрвото, но со сопствена агенда, затоа што не верува во малите садници на власта. „Веќе неколку…

повеќе...

Македонија раззеленета со нови 5 милиони дрвца

Под мотото „Стоп за катастрофите“ на површина од 1.107 хектари денеска беа засадени околу 5 милиони дрвца низ територијата на цела Македонија во рамки на 14. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Главен акцент на пошумувањето годинава беше ставен на голи и опожарени површини, а се раззеленуваше и во урбаните и руралните средини, голините и корозивните места. Граѓаните, според Кристина Николовска, шеф на кампањата, масовно излегле на терените за раззеленување, а новина е што се сади во населените места. Се садат декоративни садници, покрај булеварите, на тревните…

повеќе...

Среда (3-ти декември) неработен ден за сите граѓани

Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 3.12.2014 година (среда), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.

повеќе...

Министeрот Јолевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат кон акцијата „Ден на дрвото“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија, градоначалникот на Општина Чашка, претставници од граѓанската асоцијација ,,Ден на дрвото”, од извидничкиот сојуз и од Црваниот крст, денес со засадување на првите садници во с.Папрадиште (Велешко) го означија почетокот на активностите на есенската акција „Ден на дрвото“. По повод денешната акција која се изведува под мотото ,,Стоп за катастрофите”, министерот Јолевски во изјава за медиумите испрати порака до сите граѓани, на денот на засадувањето, масовно да излезат…

повеќе...