Се уредува сообраќајната клучка на влезот во Охрид од ул.„Железничка“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид – левата страна од ул „Железничка“ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје. Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегетација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садници и декоративни грмушки.

повеќе...

Хортикултурно уредени „Железничка“ и „Булеварот Туристичка“

Започнувајќи од 13 мај годинава, ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализира втората фаза од уредувањето на бетонската жардинерија на улицата „Железничка“. Жардинеријата хортикултурно се уредува со засадување на декоративни зимзелени растенија од видовите пироканта, вибрунум, берберис, елата и лоницера, кои нема да пречата на видливоста на возилата и безбедното одвивање на сообраќајот. Досега  е засадено 60% од целата должина на сообраќајницата со 1100 садници. На булеварот Туристичка, поставено е црево за наводнување на вегетацијата со вкупно 350 прскалки. За жал и на двете сообраќајници, направени се оштетувања, односно украдени се 70…

повеќе...