Низ Охрид се поставуваат информативни патокази

Екипи од одделението за сообраќај при Секторот за комунална дејност на Општина Охрид во текот на вчерашниот ден започнаа акција за поставување на информативни патокази на различни делови од територијата на општина Охрид. Со информативни патокази се означи кружниот тек на булеварот „АСНОМ“, со што се заокружи целосното бележење на оваа фреквентна раскрсница како и во делот на сообраќајните знаци така и во делот на информативните патокази. Информативни патокази доби и излезот од СРЦ „Билјанини Извори“ во правец кон село Велестово и охридските плажи. Вакви акции за поставување на патокази…

повеќе...

Заменети искршените знаци на кружниот тек кај општата болница

Сообраќајните знаци на кружниот тек  кај Општата болница, кои неодамна беа искршени од непознати сторители, по налог на  Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Локалната самоуправа, се  заменети  со нови. Заменети се и други искршени сообраќајни знаци на други локации, па затоа од Одделението за сообраќај и улици апелираат дека со заедничка акција на сите општествено одговорни институции, треба да  се стави крај на ваквиот вандализам и сторителите да одговараат пред законот.

повеќе...

Граѓаните да не ги крадат и уништуваат сообраќајните знаци

Несовесни охриѓани синоќа го украдоа сообраќајниот знак за забрането паркирање поставен во непосредна близина на малиот градски плоштад на улица „Коста Абраш“.  Од Фондот за комунален развој сообраќај и улици  при општина Охрид апелираат до охриѓани да се воздржуваат од вакви вандалски чинови и да се приспособуваат кон утврдените сообраќајни правила и прописи.

повеќе...