Повеќе од милион евра инвестирани во капитални проекти во Oпштина Дебрца

Повеќе од еден милион евра преку Агенцијата за рурален развој инвестирани се во капитални проекти во Општина Дебрца. При денешната посета на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски на селото Ботун, од градоначалникот Игор Трајковски беше информиран дека во ова населено место инвестирани се 9,5 милиони денари од кои направено е 300 метри атмосферска канализација, поставени се тротоари во должина од 400 метри и асфалтирани се три улици во должина од еден километар. Со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за рурален развој, Трајковски информира дека е направен патот меѓу…

повеќе...

Индустриските зони и „Купи куќа за млади“ можност за граѓаните и потикнување на економскиот развој

Интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за градба на што повеќе општински индустриски зони и обезбедување на евтини парцели за проектот „Купи куќа за млади“ за што и се разговараше на работниот состанок меѓу градоначалниците и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на изминатата недела, претставува нова можност за граѓаните и потикнување на економскиот развој. И двете теми се најважните теми за секој граѓанин. Да има сопствен дом и да има сопствено вработување и тоа да му овозможи подобра иднина, можности со кои ќе може да се надева на посреќен, поквалитетен живот…

повеќе...

Работен состанок на Груевски за проектот „Купи куќа за млади“

Досега одобрени се вкупно 18 апликации, од кои 16 се за изградба на нова куќа, а 2 се за доградба/надградба на куќа, од кои 17 се за моделот „субвенција на ратата“, а 1 е за моделот „субвенција на учеството“. Покрај овие одобрени барања во банките во фаза на разгледување се околу 80 барања кои треба во наредниот период да се обработат. Ова го истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на работниот состанок за проектот „Купи куќа за млади“ и основање на индустриски зони во општините. Преку првиот модел –…

повеќе...

Груевски: Преку „Купи куќа за млади“ досега остварен сонот на 13 семејства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес истакна дека преку проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ над 900 семејства кои претходно немаа свој дом, обезбедија кров над глава. „Досега се одобрени субвенции во износ од скоро 6 милиони евра за двата проекти, од кои за „Купи куќа за млади“ кој стартуваше неодамна и со кој за млади луѓе до 35 години се овозможува до две третини покривање на трошоците за градба или купување на куќа, досега се одобрени 261.000 евра – проект кој започна оваа година и…

повеќе...

Започнаа теренските мерења на проектот „Купи куќа за млади“

Геодетски тимови на Катастарот денеска почнаа теренски активности на повеќе локации за подготовка на ажурирана геодетска подлога со што стартува урбанизацијата на парцелите коишто ќе се продаваат преку проектот „Купи куќа за млади“ со почетна цена од евро за метар квадратен. Геодетски подлоги Катастарот ќе изготвува за локации во 36 општини на површина од 700 хектари, од кои најголемиот дел планира да ги заврши до средината на следниот месец, а целосно до крајот на август годинава. Ажурираните геодетски подлоги ќе бидат доставени до Агенцијата за просторно планирање која понатаму треба…

повеќе...

Експлозија на плинска боца во куќа во Пештани

Вчера околу 21:00 часот во с.Пештани-охридско избувнал пожар во куќа сопственост на М.Т. (42), кој настанал од експлозија на плинска боца. При пожарот зафатени биле три спрата од куќата, а М.Т. се здобил со изгореници во пределот на рацете. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од ТППЕ – Охрид, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Основци од „Св.Климент Охридски“ во посета на Спомен куќата на Робевци

Со цел да се запознаат со културното наследство и историското минато на Охрид учениците од трето одделение од ОУ„Свети Климент Охридски“ ја посетија спомен куќата на Робевци. „Во музејот разгледаа артефакти од различни периоди, се запознаа со животот на семејството Робеви и ја видоа „Златната соба“ – музејската поставка со златни предмети пронајдени во Охрид со големо археолошко значење заради својата реткост кои предизвикаа посебен интерес кај учениците.“ – информираат од училиштето.

повеќе...

Пожар од запален оџак во Делогожда

На 26.04.2016 година во 01.30 часот во с.Делогожда, струшко, во куќа сопственост на Р.М. (53) од запален оџак настанал пожар при што изгорела половина од кровната конструкција, дел од мебелот во поткровјето и дел од покуќнината. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Струга, а повредени лица нема.

повеќе...

Пет години од „Спомен куќата на Тодор Проески“

Со песните на Тоше Проески и со спомените за нашата и балканска голема музичка легенда денеска во „Спомен куќата на Тодор Проески“ на Гумење во Крушево беше одбележана пет годишнината откако е отворено ова архитектонско здание. На пригодната свеченост присуствуваа посетители, почитувачи на делото и ликот на Тоше Проески, крушевчани, еминантни музички уметници, ученици, поети, музичари како и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која претходно го посети гробот наТоше на Гумење. За посетителите спомен-куќата го одразува духот и делото на Тоше, неговата хуманост, енергија, несебичност и музички талент. Според…

повеќе...