Мерцедес удри во приколка со грозје на „Туристичка“

Денес нешто по 16:30 часот на булеварот „Туристичка“ на крстосницата кај „Мини-маркет“, патничко моторно возило Мерцедес удри во приколка со грозје.  Освен предницата од Мерцедесот, материјална штета беше причинета и кај автомобилот со приколката, односно самата приколка од која поголемиот дел од грозјето заврши на самата улица. Сообраќајот беше во мал застој и беше пренасочуван додека траеше увидот од страна на полицијата. Веднаш потоа беа повикани и екипите од комунална хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ кои го собраа грозјето. WebOhrid

повеќе...

Трактор преполн со отпад излета во провалија во Коњско

Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера. За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи. Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога. WebOhrid

повеќе...

Три лица ги загубија животите при тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар

Три лица ги загубија животите во тешката сообраќајната незгода што вчера во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на селото Белица. На лице место починале Реџеп М.(58), неговата сопруга Санија М. (47) и нивниот син Рејхан М. (25) сите од кичевското село Лисичани. Тие се наоѓале во патничко моторно возило марка „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски таблици. Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобил Ф. И. (31) од Прилеп кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница…

повеќе...

СВР Охрид: Намален бројот на сообраќајни незгоди

Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2014 година регистрира намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди како и на сообраќајните незгоди со потешки последици. Минатата година, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај евидентирала 283 сообраќајни незгоди што претставува намалување за 20% во однос на 2013 година кога биле регистрирани 355 сообраќајни незгоди. Според аналитичките податоци, за 14% намален е и бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, од 152 сообраќајни незгоди во 2013 година на 130 во минатата 2014 година. Во сообраќајните незгоди со потешки последици, во 2013…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на селото Песочан

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 16 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Песочан. На лице место починал Јордан С. (58) од селото Годивје додека со тешки телесни повреди се здобиле И.С. (64), С.С.(64) двајцата од Струга како и З.С. (54) од Охрид. Со лесни повреди се здобиле Д.Т.(24) и П.Б.(24) двајцата од Охрид. Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Кичево-Осломеј

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што денес во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј. Луан Т. (19) од кичевското село Мамудовци на лице место го загуби животот во момент кога управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки. Сега починатиот, моторциклот го управувал без заштитна кацига во правец од Осломеј кон Кичево и од засега неутврдени причини изгубил контрола по што удрил во задниот десен дел од возилото „Фиат Добло“ кое се…

повеќе...