Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад „очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини. На паркингот во близина на плоштадот „Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата. Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до село Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад). По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подигнува шут од…

повеќе...

Поставена јавна библиотека кај Холандскиот парк

Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ Охрид, денес во Холандскиот парк постави јавна библиотека во која граѓаните ќе можат слободно да оставаат или да земаат книги. На поставувањето покрај членовите беше присутен и координаторот за петата изборна единица, Дејан Пандилески. Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Илија Арнаудоски истакна дека оваа е одлична можност за сите граѓани да можат слободно да разменат книги со други љубители на книги. Исто така Арнаудов испрати отворена покана до сите кои сакаат да присуствуваат на регионалната ораторска вечер која ќе…

повеќе...

Се чисти кејот во близина на Холандскиот парк

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска извршија чистење на градскиот кеј во близина на Холандскиот Парк. Овие активности се спроведоа по налог на општинскиот инспекторат согласно годишната програма за работа за 2014 година, во делот на вонредни активности за одржување на јавна чистота. „Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација, при што се подигнати и транспортирани околу 30 м3 отпад.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Реконструкција на Паркот на поезијата во Струга

Во тек е реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на познатиот Парк на поезијата во центарот на Струга, местото каде што сите лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, во чест на поезијата, засадуваат дрвца. За оваа намена од буџетот на Министерството за култура во 2014 година се издвоени 1,5 милиoн денари. Во првата фаза, надлежната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ веќе го изработи проектот, а по изборот на фирма за санација на просторот, веднаш ќе се пристапи кон поплочување на постојните патеки со бекатон плочки и хортикултурно…

повеќе...

Летно одржување на парковите и зеленилото

Охрид го задржува приматот на најубаво  хортикултурно уредени градови за што се заслужни вработените во „Паркови и зеленило” како дел од ЈП „ Охридски комуналец“ .Тие, особено во летниот период, се грижат одржување на јавните парковски површини, дрвореди и скверови и зеленилото на сообраќајниците на вкупна површина од 74.329 метри  квадратни. Комуналците се грижат за одржување на паркови со површина од 52.965 м2, скверови со 3.160 м2 , зеленило долж собраќајници  од16.854 м2 ,зеленило во жардињери со1.350 м2 , парк шуми и вонградско зеленило на 340.000 м2 и дрвореди долж…

повеќе...