Грчки државјанин со возило повредил полициски службеник кај Подмоље

Утрово во 01:50 часот на магистралниот од с.Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на ПМВ „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки. На оваа наредба возилото не застанало, но по втората наредба за запирање возилото застанало. Кога полициските службеници се доближиле до возилото, возачот го стартувал возилото наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полициски службеник. Поради заплашување и запирање на возилото, друг полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје. После тоа возачот застанал со…

повеќе...

Ќе се предлагаат мерки за зимско одржување на патиштата

Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што утре во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје. Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Струга – Подмоље

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље. Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во…

повеќе...

Се уредуваат јавните зелени површини во Подмоље

Во рамките на Програмата за работа на ЈП „Охридски Комуналец“ за годинава е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, каде по однапред запазена динамика се одржуваат јавните површини и хортикултурно се уредуваат зелените површини. „Во согласност со овие активности се расчисти с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.“- информираат од претпријатието.

повеќе...

Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Отворено спортско игралиште во Подмоље

На пригодна свеченост и со финален фудбалски натпревар, вечерва во охридското село Подмоље беше ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште за фудбал, кошарка и одбојка. Игралиштето кое се протега на површина од 750 метри квадратни е добро осветлено, оградено и хортикултурно уредено со пристапни патеки и скали кои водат до новите навивачки трибини. Градоначалникот Никола Бакрачески кој вечерва се обрати пред присутните укажа на важноста од спортот и спортувањето, а најави и нови маалски и детски игралишта во градов. „Ова повеќенаменско игралиште за фудбал , кошарка и одбојка ќе внесе…

повеќе...

Вечерва свечено ќе биде ставено во употреба повеќенаменско спортско игралиште во Подмоље

Вечерва свечено ќе биде ставено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во село Подмоље. Случувањето ќе започне во 20:45 часот со завршниот турнир во мал фудбал помеѓу екипите од селата Подмоље и Оровник. По завршување на фудбалскиот натпревар пред присутните ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе ги додели и пехарите на трите фудбалски екипи кои покажаа најдобри резултати по одиграните фудбалски натпревари на новиот терен. Повеќенаменското игралиште е составено од три дела. Игралиште за фудбал со димензии 30 на 15 метри, игралиште за кошарка и игралиште за одбојка…

повеќе...

Се расчистуваа делниците до Подмоље, Св.Стефан и Орман

Екипите на „Јавна хигиена“ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел. На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др. На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и…

повеќе...

Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови на општина Дебрца

Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на село Горенци, од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, ги информираат жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св. Апостол Павле, дека во вечерните часови, и попладневните часови утре – понеделник, ќе нема вода за пиење.

повеќе...

Денес до 16 часот стариот пат Подмоље-Струга ќе биде затворен за сообраќај

Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмоље-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмоље до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмоље-Ќафасан. До возачите на патнички и други моторни возила СВР Охрид упатува апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

повеќе...