Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

повеќе...

Проаква: Заштитете ги водомерите од мрзнење

Како последица на ниските температури постои можност за настанување на разни дефекти на водомерните броила поради што потребно е истите да се заштитат, велат од ЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Заштитата се врши се обвивање на водомерот со изолационен покров или покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол, стиропор и сл.) Оттаму додават дека сопствениците на станови и куќи во кои не живеат постојано потребно е да го затворат вентилот пред водомерното броило и да ја испуштат водата од славините со што би се спречило пукање на цевки и слични…

повеќе...

Екипи на ЈП „Градски гробишта“ интензивно работат на две локации во Охрид

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” интензивно продолжува со градежни активности на две локации во Охрид и тоа на кружниот тек на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ и на изградбата на тротоарот на улица „Сирма Војвода“ на која за неколку дена ќе заврши поставувањето на коловозните рабници, а веднаш потоа ќе се продолжи и со поставување на бекатон плочки.

повеќе...

Нова фекална канализација на крак од „Стив Наумов“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа градежни активности за изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“. Ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 и ќе се врши преприклучување на објектите на мрежата на потегот на кој се изведуваат активностите. Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.

повеќе...

Јавна објава до сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на општина Охрид

Врз основа на законот за комунални такси (Сл.весник на Република Македонија бр.61/2004,64/2005,92/2007 и 123/2012), а согласно Законот за општа управна постапка (Сл.весник на РМ бр.38/2005,110/2008,118/2008 и 51/2011) Градоначалникот на Општина Охрид, објавува: JAВНА ОБЈАВА До сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОВИКУВААТ: 1. Да го подигнат решението за Комунална такса за фирма за 2015 година во најкраток можен рок. *за обврзници кои немаат добиено решение. 2. Да ги измират заостанатите обврски: *за обврзници кои должат по основ на  Комунална такса за фирма.…

повеќе...

Продолжува уредувањето на дрворедот по улицата „Димитар Влахов“

Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лагестремии по ул.„Димитар Влахов“, која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. „Во првата фаза се поставува систем за наводнување на принципот „капка по капка“, а потоа следи хортикултурното уредување.“– велат оттаму. Активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило“ при Ј.П.„Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за оваа година, во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар…

повеќе...

Реконструкција на дел од мрежата за одведување на отпадни води во Авто-кампот „Андон Дуков“

ЈП „Нискоградба“, Охрид во рамки на своите активности денес изврши реконструкција на дел од мрежата за одведување на отпадни води како и комплетно чистење на канализационата мрежа во Авто-кампот „Андон Дуков’’. ЈП Нискоградба со таквите активности придонесува за подигнување на хигиенските услови во кампот што придонесува за поздрава и побезбедна животна средина.

повеќе...

Се поставуваат новите мермерни и гранитни плочки на плоштадот кај Музичкото училиште

Продолжуваат градежните активности на плоштадот во непосредна близина на ОМУ „Методи Патчев“. Во моментов екипи на ЈП „Градски гробишта“ работат на обложување на фонтаните со мермерни и плочки од друг материјал. Наредниве денови просторот ќе биде партерно уреден и на целата површина ќе се постават гранитни плочки. На овие активности претходеше поставување на комплетно новата комунална инфраструктура и фундаментите за јавно осветлување.

повеќе...

Се доуредува плажата Сараиште

По најавата за уредување на градската плажа „Сараиште“ во стариот дел на Охрид, рано утрово екипи на ЈП „Градски Гробишта” работат на поставување ситна езерска песок од околу 10м2, a просторот за плажа се дополни и со неколку клупи за седење.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“, Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ во период 09:00 до 12:00 часот.

повеќе...