Акционерите на „Макпетрол“ АД со незаконско работење оштетени за околу шест милиони евра

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко. Десетте членови на Управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првоосомничениот, А.Ј.(63) кој се јавува во својство на Претседател на Управен одбор во Макпетрол и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје, и второосомничениот С.Л.(60), како…

повеќе...

Голем пад на цените на нафтените деривати

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,5 денари, додека дизелот поевтинува 4 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денaри по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 65,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 67 денари по литар. Новата цена по која од ноќеска на полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе биде 56 денари.

повеќе...