Соработка на ОСУ „Св.Климент Охридски” со Американското катче – Струга

Во рамките на долгогодишната соработка со Американското катче од Струга, неодамна во гимназиската библиотека се одржа презентација на можностите кои ги нуди оваа организација. На презентацијата присуствуваа голем број ученици од прва и втора година кои беа информирани за локацијата на катчето како би го посетиле, изнајмиле еден од бројните наслови на книги, материјали за подготовка за TOEFL тестирањето и учестувале на конверзациски часови на разни за нив интересни теми каде често за дебатите се повикани експерти од различни области на кои англискиот им е мајчин јазик. Презентацијата и гостувањето…

повеќе...

Царината и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е интензивирање на активностите на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација и унапредување на соработката со високообразовните институции. Досегашната успешна соработка, докажана преку бројните активности на Регионалниот тренинг центар и спроведената практикантска работа во Царинската управа за студентите на овој факултет претставуваа солидна основа за нејзино продлабочување и унапредување. Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи научните истражувања за влијанието на измените во царинските и акцизни постапки на економијата на национално…

повеќе...

Продолжува соработката на МОН со JES мрежата и со УСАИД

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска потпиша Анекс на Меморандумот за соработка и разбирање со директорот на Jes мрежата Ѓорѓи Кушевски, и со УСАИД. Адеми истакна дека со потпишување на овој документ се потврдува успешната соработка со Jes мрежата која трае веќе пет години. Целта на соработката е да им се овозможи на што е можно поголем број ученици од средните училишта и младите невработени лица од 15 до 27 години, да се стекнат со вештини за вработување. „За овие пет години се отворени повеќе Центри за кариера,…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово

„Ефективната борба против недозволената трговија со оружје наложува постојан, приоритетен институционален и меѓудржавен ангaжман и ми претставува особено задоволство што иницијативата на Кралството Данска и Република Македонија прерасна во регионална исклучително важна иницијатива – воспоставување на експертска група на земјите од Југоисточна Европа за справување со нелегалната трговија со оружје“.  Ова, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР м-р Горанче Савовски на денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, за восопоставување на експертска група за преземање мерки…

повеќе...

Швајцарски искуства за развој на охридскиот туризам

Се зацврстува соработката помеѓу Локалната самоуправа и швајцарската Влада во делот туризмот. Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT, денес потпишаа градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, Розанди Лоу. На чинот на потпишувањето присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Н.Е. Стефано Лазарото. Според градоначалникот Никола Бакрачески меморандумот за соработка е исклучиво важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. „Крајната визија на ваквата соработка треба да биде целосно искористување на богатите културни…

повеќе...

Македонија и Унгарија имаат простор за продлабочување на соработката во земјоделството

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари денеска имаше работен состанок со државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија Левенте Маѓар. На средбата во МЗШВ соговорниците истакнаа дека двете земји имаат простор и интерес за соработка за сите области во земјоделството. Потврда за тоа е и досегашното искуство, кое може да биде дополнето и со изработка на кафилерија. Токму за реализација на таков проект во Македонија, во моментов има интерес од една унгарската фирма. „Ние мора да направиме и ќе направиме кафилерија, што е обврска на…

повеќе...

Конкретизирана соработката помеѓу МОК и ИОК

Во Лозана, седиштето на ИОК, на 20 Мај, се одржа едночасовна официјална средба помеѓу делегацијата на Македонскиот олимписки комитет, предводена од претседателот на МОК, Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски, спортскиот директор Владимир Богоевски и претседателот на ИОК, Томас Бах и Директорот на ИОК, Пере Миро. На оваа средба претседателот Томас Бах уште еднаш му ја честиташе наградата „Пјер де Кубертен“ на Васил Тупурковски и му се заблагодари за досегашниот придонес изразувајќи силна верба дека соработката ќе биде уште поблиска и поконкретна. Во тој правец, Васил Тупурковски побара и доби…

повеќе...

Договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Во текот на вчерашниот ден министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Словенија м-р Весна Гјеркеш Жнидар, која беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка. Со склучувањето на Договорот за полициска соработка, двете Министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност, како и спречувањето, откривањето и спроведувањето на истраги за кривични дела,…

повеќе...

Одбранбената соработка помеѓу Македонија и Бугарија во фокусот на средбата на замениците-министри за одбрана, Лабеништа и Кјумурџиев

Република Македонија и Република Бугарија имаат континуирана соработка и дијалог на полето на одбраната и остануваат силно посветени за изнаоѓање на разни модалитети за натамошен развој и продлабочување на оваа соработка. Тоа го заклучија замениците-министри за одбрана на Република Македонија и Република Бугарија, Арбен Лабеништа и Димитар Кјумурџиев на средба во Министерството за одбрана. На средбата заменикот-министер Лабеништа изрази задоволство од нивото на односите помеѓу двете министерства и Армии и укажа на тоа дека двете соседни земји треба да продолжат со добрата соработка која ќе влијае не само на двете…

повеќе...

Почеток на соработка за професионален ангажман на македонски тренери во Индија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше потпишано писмо за соработка помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и Главниот извршен директор на Глобалната приватна компанија KOOH Sports, Чираг Пател, која е една од водечките компании со седиште во Индија, која обезбедува програми за тренинг по меѓународни стандарди, претставувајќи го спортот како животен стил и можност за развој на професионална кариера. Договорената соработка е во насока на овозможување услови македонски тренери од неколку спортови, како фудбал, кошарка, тенис и технички експерти за физичко образование…

повеќе...