Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан. Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините.  „Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат…

повеќе...

ТАВ го пречека првиот чартер-лет на Томас Кук на охридскиот аеродром

Со традиционална церемонија за пречек, ТАВ Македонија утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид со големо задоволство го поздрави пристигнувањето на првиот чартер-лет од Брисел реализиран преку најголемиот европски тур-оператор Томас Кук.  Над 120 патници пристигнаа со воздухопловот од типот Ербас А 320 од центарот на Европската Унија, минувајќи низ Тиват во Црна Гора, во рамките на нивното патување во различни земји од Балканот. Од денеска, 20 јуни, сè до средината на септември, овие чартер-летови ќе оперираат еднаш неделно, во понеделник, со време на пристигнување во Охрид во 8:20…

повеќе...

Пристигна првата група израелски туристи во Охрид

Со воден мост како поздрав за воздухопловот, церемонија на сечење торта, како и традиционалната македонска закуска за добредојде, ТАВ Македонија вечерва на охридскиот аеродром ,,Свети Апостол Павле’’ ја пречека првата група од 110 израелски туристи кои од Тел Авив пристигнаа со чартер-летот на израелската авиокомпанија Аркиа. Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови кои беа најавени лани почнуваат да се реализираат, а се резултат на активностите на ТАВ холдингот од Истанбул за привлекување на нови авиокомпании и тур-оператори на охридскиот аеродром. „Со првиот лет на авиокомпанијата Аркиа…

повеќе...

Група туристи од Израел во четврток пристигнува во Охрид

Во четврток на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ пристигнува група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“. На пречекот на туристите од Израел ќе зборуваат генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, директорот за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“, Анат Ахаром и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. 

повеќе...

Настаните со светско реноме ветуваат плодна туристичка сезона во Охрид

И покрај политичката криза, Охрид очекува плодна туристичка сезона и продолжување на трендот на пораст на туристичкиот промет во однос на изминатите години, онака како што се стартуваше во првото тримесечје од 2016 година. Музичките настани со светско реноме кои годинава ги поддржува општина Охрид, а кои ќе се случаат ова лето се очекува само во еден викенд да донесат над 15 000 нови гости на охридската ривиера. За вакви настани како и за состојбите во туризмот се разговараше на осмиот по ред состанок на Локалниот економски совет со кој…

повеќе...

Туроператори од Казахстан на инфо тура во Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија повторно организираше инфо тура за тур оператори. Станува збор за истакнати имиња од туристичката индустрија на Казахстан, како Premier Travel Astana, Sayat Travel Astana, HRG Kazakhstan Almaty, Global Air Almaty, Transavia Almaty, Otrar Travel Almaty, Travel Express Almaty, Be Star Almaty, Tem Tour Almaty, Kazakh Tourist Assosiation, Delovoy Kazakhstan newspaper, Turan TV, STV channel, THY ALA. За време на престојот остварија вкупно 30 средби со приватниот туристички сектор на Македонија, и ги разгледуваа потенцијалите за вклучување на Македонија во нивната…

повеќе...

Во март зголемен бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44 593, а бројот на ноќевањата изнесува 94 566. Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25.8%. Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март…

повеќе...

Цените на угостителските услуги во април останале на исто ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во споредба со март 2016 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…

повеќе...

ТАВ Македонија ги пречека првите холандски туристи на охридскиот аеродром

Првиот туристички чартер-лет од Амстердам слета во Охрид утрово. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани 150 чартер-летови и Охрид да го посетат над 25.000 холандски туристи. Со воден мост во форма на виножито, традиционалната македонска закуска, како и торта за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле’’ ги пречека првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-летот на компанијата Корендон. Од ТАВ Македонија потенцираат дека се задоволни што чартер-летовите со холандски туристи продолжуваат и оваа летна сезона, шеста година по ред. „Пресреќни…

повеќе...

Во вторник пристигнува првата група холандски туристи во Охрид

Првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона во 2016 година пристигнува во вторник- 3 мај. Туристите, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ во 9:00 часот ќе ги пречекаат Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Асим Меџедовиќ, директор на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“.

повеќе...