Средба на СВР со охридските угостителски работници

По иницијатива на Секторот за внатрешни работи – Охрид вчера се одржа средба на раководните лица од полицијата со охридските угостителски работници. Целта на овој работен состанок беше интензивирање на меѓусебната соработка, поблиска и поредовна комуникација, размена на информации и координирани активности во насока на навремено информирање за можни нарушувања на јавниот ред и мир како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување. Покрај ова, на работната средба беше нагласена потребата од навремено пријавување на домашните и странски туристи како и неоходноста од соработка со професионалните и лиценцирани…

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2016 година, во споредба со декември 2015 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.

повеќе...

Цените на угостителските услуги останаа исти

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во споредба со ноември 2015 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.5%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.4%.

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се запознаа со Даночниот систем на РМ

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање за учениците од трета година на тема: „Општо запознавање со Даночниот систем на РМ“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“, а во организација на Управата за јавни приходи и Министерството за образование и наука. „Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.“- вели заменик директорот на училиштето, Перчо Божиновски. Преку практичните искуства пренесени…

повеќе...

Во ноември зголемени цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2015 година, во споредба со октомври 2015 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- ноември 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.4%.

повеќе...

Означувањето на алергените во храната детално објаснето на угостителите

Унапредување на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти и новините во означувањето на храната беа тема на работилницата која во четвртокот, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ја одржаа со членките на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија. Работилницата е дел од Акциониот план на Агенцијата за храна и ветеринарство за унапредување на имплементацијата на HACCP угостителските објекти во Република Македонија. Како што беше истакнато, иако најголем дел од нив го имаат воспоставено системот за безбедноста на храна и предусловните програми, неминовно е истите постојано…

повеќе...

Продолжуваат едукативните работилници за интензивирање на имплемнетацијата на HACCP во угостителството

Агенцијата за храна и ветеринарство ги продолжи активностите од Акциониот пан за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти со одржување на едукативна работилница за операторите со храна од Кочанскиот регион. Пред повеќе од триесеттина претставници од операторите со храна од угостителскиот сектор, детски градински и училишни кујни од Кочани, берово, Виница и Делчево, презентирани беа основите на HACCP системот во угостителството и претставен беше Водичот за ХАСАП принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој го подготви Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ во соработка…

повеќе...

Второ место на литературен конкурс за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Ученичката во прва година во ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Крстаноска член на литературната секција, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски го освои второто место со прозна творба на литературниот награден конкурс „Животот и делото на Васил Иљоски“. По повод одбележувањето на 20 години од смртта на познатиот македонски писател Васил Иљоски, Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево на 15 септември 2015 година го распиша овој литературен конкурс на којшто учествуваа ученици од основните и средните училишта во Република Македонија. Изборот на наградените го изврши стручно…

повеќе...

СВР Охрид ја реализира кампањата „Биди трезен стигни жив“

Со делење сообраќајно едукативен материјал, со доброволно алкотестирање, со доделување црвен или зелен картон и ваучери за бесплатен такси превоз, синоќа Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализира превентивната кампања „Биди трезен стигни жив“. Полициски службеници по доброволното алкотестирање и по констатирано поголемо количество алкохол, дадоа 10 ваучери за бесплатен такси превоз. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците беше спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“. Целта на кампањата „Вози трезен-стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и други возила…

повеќе...

Цените на угостителските услуги непроменети во август

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во споредба со јули 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.3%.  Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.1%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека…

повеќе...