ЖФК Кочани втора година по ред го освои женскиот Куп

Во вистински возбудливото финале на женскиот Куп на Македонија ЖФК Кочани го совлада неприкосновениот лидер во женскиот фудбал, ЖФК Драгон со победа од 3-2. Двете најдобри македонски женски фудбалски екипи по трет пат оваа сезона ги измерија силите во финалето на женскиот Куп на Македонија кое се одигра денес на фудбалското игралиште во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Резултатот го отвори Драгон со погодок во самиот финиш на првото полувреме кој го постигна Ели Јаковска. Кочани возврати за изедначување во 47 минута со голот на Анета Ѓорѓиева, со што…

повеќе...

Вардар по 10-ти пат победник на ракометниот Куп на Македонија

Екипата на Вардар е победник во финалето во Купот на Македонија. Ракометарите на Вардар се првата машка екипа во Македонија што освоила 10 трофеи во Купот. Во финалето на 23-иот Куп на Македонија Вардар го победи Металург со 26-22. Иако потешко од очекувањата, пред се заради одличниот отпор на Металург, „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар имаа водство. За МВП на финалето е прогласен Стојанче Стоилов, најдобра голман е Петар Ангелов, а најдобра стрелец е Алекс Душебаев.

повеќе...

Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија Куп пехарот

Ракометарките на Вардар СЦБТ втора година по ред се победници на Купот на Македонија во женска конкуренција. Вардар СЦБТ повторно за противник го имаше Металург, кој беше достоен противник само во првото полувреме. Разликата во квалитет беше очигледен, но и младите ракометарки на Металург покажаа борбеност и мотивираност до крај да му парираат на ривалот. На крајот Вардар СЦБТ забележа победа со резултат 34-16.

повеќе...

Викендов ќе се одиграат финалните натпревари од ракометниот Куп на Македонија

Полуфиналните и финалните натпревари од машкиот и женски ракометен Куп на Македонија ќе се играат викендов. Полуфиналните натпревари од машкиот куп ќе се играат во четврток, а од женскиот во петок. Финалните натпревари се закажани за сабота во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје. Куп мажи Пролет 62 – Металург, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 17:00 часот Вардар – Зомимак М, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 19:30 часот Финале – сабота (16-ти мај) СЦ „Јане Сандански“ во 18:30 часот Куп жени Пелистер 2012 – Металург, петок (15-ти…

повеќе...