АВ Охрид го совлада Кожув

Во рамките на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид ја забележа втората победа оваа сезона. АВ Охрид на домашен терен го совлада Кожув со 86-74. Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18) АВ Охрид: Крег (24 поени), Бери (18), Михајловски (14), Донески (9), Лефкоски (7), Јанески (6), Глигоријевиќ (4), Лаим (2), Цого (2). Кожув: Пековиќ (23 поени), Мишковиќ (15), Шалев (13), Петров (10), Тодоровиќ (5), Тасков (4), Апостолов (3), Ангелов (1). WebOhrid

повеќе...

Вршац речиси двојно подобар од АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид го одигра третиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и третиот пораз оваа сезона. Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека лидерот на табелата во АБА 2 лигата – тимот на Вршац. Гостите од Вршац играа одлично на целиот натпревар, беа надмоќни и успеаа да победат со 61:111, односно првата четвртина ја добија со 18-28, втората со 14-25, третата со 18-23 и четвртата со 11-35. По овој натпревар екипата на Вршац се зацврсти на првото место од АБА 2 лигата,…

повеќе...

АВ Охрид претрпе пораз од Ловќен во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид го одигра вториот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и вториот пораз оваа сезона. Охриѓани гостуваа против тимот на Ловќен 1947 Цетиње. Домаќинот беше супериорен во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја доби со 24-17, втората со 23-20, третата со 24-17 и четвртата со 23-18, за вкупен резултат од 94-72. „Можам да бидам задоволен со резултатот. Ова е прва победа, но не премногу добра, поради екипата од Охрид која цело време играше зонска одбрана што не ни даде шанса да се разиграме.…

повеќе...

АВ Охрид со победа ја започна новата сезона

Екипата на АВ Охрид со победа ја започна новата натпреварувачка сезона 2017/2018. Во првото коло од Првата македонска кошаркарска лига, АВ Охрид гостуваше во Струмица, каде успеа да победи со резултат 76-90 (15-24, 29-24, 15-25 и 17-17). WebOhrid

повеќе...