Доделени плакети по повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“

По повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“, на свеченоста што се одржа денес, плакети им беа доделени на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски, на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов, како и на градоначалникот Никола Бакрачески. „Почестен сум со ова признание бидејќи тоа ми го доделува најтрофејниот спортски клуб од Охрид. Импресивни се податоците дека во изминативе 40 години, членовите на Атлетскиот клуб на домашни и меѓународни натпревари имаат освоено 50 златни медали, собориле 100 рекорди, освоиле 3000 признанија, а…

повеќе...

Меѓународен Атлетски Маратон Охрид 2015

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во вторник, Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 го организира 29-иот традицонален меѓународен атлетски маратон Свети Наум – Охрид во должина од 30 км. Трката започнува во 9 часот од караулата кај Свети Наум и се трча до Центарот за култура „Григор Прличев“. Се очекува првите маратонци да пристигнат околу  10:30 часот.

повеќе...