Вечерна богослужба и света литургија по повод празникот Свети Еразмо Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 ти јуни (среда), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски  и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Литургијата е со почеток во 19:00 часот. На 15ти јуни (четврток), со почеток во 9:00 часот, во манастирот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги…

повеќе...

Вечерна богослужба на Плаошник по повод 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 8ми август ќе се служи празнична вечерна богослужба, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод јубилејниот празник 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј. На 9ти август (вторник) со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Во рамките на издавачката установа „Канео“ при Дебарско – кичевската епархија, излезе…

повеќе...

Ќе се служи света архиерејска литургија по повод Тодорова сабота

Утре 19-ти март (сабота), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 8:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Отслужена вечерна богослужба во Каменско по повод Прочка

Денес, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на празникот Прочка- Велики Поклади, според веќе одамна воспоставената традиција, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.

повеќе...

Утревечер богослужба, задутре света литургија за празникот Голема Богородица

По повод славата на црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид, се известуваат сите православни верници дека утревечер во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“, ќе се служи празнична вечерна богослужба и ќе се пеат статиите на „Успението на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот. По завршувањето на вечерната богуслужба ќе има литија со плаштаницата на Пресвета Богородица. На 28 август 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Голема Богородица

По повод славата на црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 27-ми август (четврток) – вечерта, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“, ќе се служи празнична вечерна богослужба и ќе се пеат статиите на „Успението на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот. На 28-ми август (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – (Голема Богородица), со почеток во 8:45…

повеќе...

Православните верници масовно се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места и туристи, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е во ретко…

повеќе...