Се уредува просторот кај реката Грашница

Просторот кај реката Грашница, кој долго време беше запуштен и обраснат со трња се уредува. По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претрпијатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата. Откако ќе завршат активностите за расчистување, ќе се продолжи со хортикултурно уредување на просторот. Оттука ќе поминува пешачката која што се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео, а од Лабино ќе води кон Воска и Даљан и кон извидничкиот центар. Со уредувањето на овој простор и со пешачката патека, градот добива…

повеќе...

Отпадот ја намалува туристичката вредност на атрактивните локации

Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации. Првата акција за чистење започнува на 4 мај во Демир Капија со чистење на пешачите патеки од Демир Капија до Чифлик и Демир Капија до село Клисура а се во организација на…

повеќе...

Ден на реката Дрим 2016

Следејќи ја успешната организација на Денот на реката Дрим во 2014 и 2015 година, третото одбележување на Денот на реката Дрим се случи на 5.мај 2016 година, со цел сензибилиирање на поширок дел од јавноста за вредностите на Дримскиот басен и за влијанието на екосостемот врз квалитетот на секојдневното живеење на локалните заедници и економските активности. Тие почиваат на економски активности во кои се користат водите на Дрим како што се земјоделие, рибарство, индустрија , енергетско произвотство и туризам. Денот на Дрим има за цел и да ги мобилизира донесувачите…

повеќе...

Продолжува расчистувањето на реката Грашница

Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на реката Грашница по нејзиното течение на потегот од булеварот „Туристичка“ до улицата „Гоце Делчев“. Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно. Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и џбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад.

повеќе...

Презентација за зачувување на автохтоните сорти овошја на подрачјето на Илинска – Плакенска Планина

Еколошкото друштво „Грашница“, Охрид во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија” денес во с. Завој организираше настан – јавна расправа и практична презентација за зачувување на автохтоните сорти овошја на подрачјето на Илинска-Плакенска Планина. Проектот се спроведува веќе втора година од Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје во партнерство со  еколошко друштво „Грашница“ и организацијата Арт поинт Гумно од с. Слоештица, Демир Хисар. „На настанот присуствуваа 30 калемари од охридскиот регион како и од Демир Хисар и ученици од СОУ…

повеќе...