Се реконструираат улиците во стариот дел на Охрид

Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „ Кузман Капидан“, „ Ангел Маринчев“ и „ Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „ Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

повеќе...

Поставени нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите се поставени на потегот од црквата Св. Никола Геракомија, на паркингот кај Балкански фестивал, по ул. „Илинденска“ и кај Самуиловата тврдина. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” го расчистуваа патот за с.Велестово, на потегот од бензинската на „Макпетрол” кај „Бијланини извори”, до с.Велестово, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието. Денес, поради одржувањето на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од…

повеќе...

Интензивно тече проектот за ентериерно уредување во Музејот на Робевци во Охрид

Во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, со поддршка на Министерството за култура се реализира обновата на музејските поставки во 16 национални установи. Со овој повеќегодишен проект за воспоставување постојани поставки во националните музеи од сите области: археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, современа уметност и природонаука, музејските институции ќе добијат најрепрезентативни постојани музејски поставки, атрактивно конципирани простори кои ќе имаат современи облици на презентација на музејските експонати и кои ќе овозможат една интеракција со посетителите. Во…

повеќе...

Утре ќе биде промовирана Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро

Во Куќата на Уранија, утре со почеток во 11:oo часот ќе биде промовирана Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. На промоцијата покрај претставници на Општина Охрид и Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен Музеј, ќе присуствуваат и гости од француската амбасада, општината Каен од Нормандија и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) .

повеќе...

Санација на четири вредни примероци на староградската охридска архитектура

Во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади на старите градски јадра, кој се реализира од 2012 до 2017 година, во Охрид во тек се активностите за обнова на четири објекти кои ја отсликуваат староградската архитектура и кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста за охридскиот стил на градба. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, како надлежна установа од областа на заштитата на недвижното културно наследство, во Старото градско јадро на Охрид ги реализира проектите за: статичко зајакнување…

повеќе...

Интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид, според искуствата од Каен, Франција

Денеска пред Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на расправа е предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Во меѓувреме, охридската локална власт го финализираше Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Планот е работен во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“ , финансиран од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу француската провинција Долна Нормандија и Македонија, преку Асоцијацијата на агенции за локална демократија и Општина…

повеќе...