Плакета за ОУ „Христо Узунов“ за придонес во аматерскиот документарен филм

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола. На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска. Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...

Конкурс за УЕФА Б Тренерска Диплома

Центарот за едукација на тренери при ФФМ објави упис на тренери кандидати за курсот за добивање на УЕФА Б Тренерска Диплома. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: – Најмалку 22 години старост, копија од пасош или лична карта – Најмалку средно образование, копија од диплома – Најмалку 4 години активно играње во било кој ранг, се докажува со потврда од фудбалски клуб во оригинал – Важечко лекарско уверение во оригинал – Македонско државјанство – Уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ…

повеќе...

Охриѓанецот Климент Махоски е еден од најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

На денешната свеченост ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ додели награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти. Меѓу наградените е и нашиот сограѓанин Климент Махоски кој дипломираше на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со средна оцена 10,00.

повеќе...

Врачени дипломи на постдипломци по право на интелектуална сопственост

На 45 постдипломци денеска им беа врачени дипломи за завршени студии по право на интелектуална сопственост кои, во рамките на проектот ТЕМПУС, ги организира Правниот факултет „Јустинијан Први“ во соработка со Центарот за меѓународни студии по интелектуална сопственост на Универзитетот во Стразбур. Програмата на овие втор циклус студии се реализира пет години и е дизајнирана од експерти од оваа област од Франција и од Македонија. Од 2010 година на студиите се запишале 276 постдипломци. Двојните дипломи, од Скопје и од Стразбур, на новата генерација им ги врачија министерката за култура…

повеќе...

Тренерите на клубовите од Првата лига мора да поседуваат УЕФА ПРО Диплома

Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија информираат дека согласно Правлиникот за лиценци (дозволи) за работа на тренери во Фудбалска Федерација на Македонија што се однесува на тренерите во Прва МФЛ, како и согласно Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања на УЕФА, дека тренерот кој е носител на активностите на сенироскиот тим (Тим Менаџерот), мора да поседува УЕФА ПРО Диплома. Исто така, претходно важечкото правило за 50% проследена настава на УЕФА Про ниво повеќе не е на сила за натпреварувачка сезона 2015/16. Од тие…

повеќе...

Упис на тренери кандидати за УЕФА Б и УЕФА А Диплома

Центарот за едукација на ФФМ, објавува почеток на упис на тренери кои се заинтересирани за добивање на УЕФА тренерски дипломи и тоа за следниве нивоа: Упис за добивање на УЕФА Б Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: – Диплома за завршено образование најмалку ССС – Потврда за фудбалски стаж како сениорски играч, најмалку 4 години – Важечко лекарско уверение – Копија од лична карта или државјанство – Уплатница за прва рата (100 евра во денарска противвредност) Упис за добивање на УЕФА А Диплома,…

повеќе...

Педагошки факултети само на јавните универзитети, студентите што ќе се запишат ќе имаат стипендија

Педагошките факултети во иднина ќе се основаат само на јавните универзитети, сите факултети ќе имаат усогласени студиски програми и усогласени со Законот за наставници. Секој студент што ќе биде примен на педагошките факултети од следната 2015/2016 академска година ќе добива месечна стипендија по 50 отсто од просечна плата во РМ. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на отворената владина седница соопшти дека траењето на студиите ќе биде четири години или 240 кредити. Ќе има задолжителен приемен испит, право да се запишат ќе имаат сите матуранти со положена државна матура,…

повеќе...