Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...

Доделени дипломи за завршена обука за напреден спортски менаџмент (Втора генерација)

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски ги додели дипломите за завршена Обука за напреден спортски менаџмент на 8 (осум) претставници на Олимписките спортски организации, високо образовните и државните институции. Меѓународниот олимписки комитет ги доби завршните трудови на нашите кандидати во однос на шестте модули (Стратешки менаџмент, Финансиски менаџмент, Спортски Маркетинг, Организација на спортски настани, Менаџмент на човечки ресурси и Организација на Олимписки спортски организации) и согласно горе наведеното, со највисок успех, обуката ја завршија: Билјана Велковска Смилановска – Фудбалска федерација на Македонија; Дарио Милески – Федерација за коњички…

повеќе...

Доделени стипендии за учениците од Дебрца

По повод почетокот на новата учебна година најдобрите 20 ученици од основно и средно образование добија општински стипендии за тековната учебна година 2016/2017 година. Стипендиите во посебна пригода ги додели Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски, кој им посака успешна учебна година и одличен успех. „Избрани сте како најдобри од најдобрите бидејќи сакате да учите и да се надградувате. Искуството покажало дека за секој што сака да учи и да се надградува, две нешта никогаш нема да бидат исцрпени. Прво, можностите за стекнување со вредни знаења и вештини. И, второ,…

повеќе...

Ристовски: Македонските дипломи ќе имаат европски предзнак

Квалификациите кои ќе се стекнуваат во сите степени на образование ќе имаат еквиваленти во квалификациите на ЕУ, со што дипломите на македонските граѓани ќе бидат вреднувани од европските работодавачи. По двегодишен процес Македонија успешно ја усогласи рамката на квалификации со европската – извештајот бил едногласно прифатен од Европската комисија во Брисел минатата недела и оценет како јасен и прегледен. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече дека е тоа важен чекор во македонското образование затоа што усогласувањето овозможува дипломите кои во иднина ќе се стекнуваат и…

повеќе...

Доделени матурските дипломи на охридските гимназијалци

Синоќа во дворот од СОУ „Свети Климент Охридски“, пред родителите, блиските и професорите, свечено им беа доделени матурските дипломи на учениците од генерацијата 2014/2015 година. „Секое доаѓање во ова училиште во мене буди пријатни емоции и кога за миг би можел да бидам во вашите редови и дел од вас, тогаш повторно и без размислување би го направил. Се разбира дека не можам. Но, она што можам да ве уверам е дека вие сте најголемата причина поради која јас станав градоначалник, бидејќи сакав град со еднакви можности за сите. Она…

повеќе...

Во петок свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од охридската гимназија

Во петок  во училишниот двор при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите  од генерацијата 2014/2015. Пред присутните ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Гимназијата, Звонко Трпески.  

повеќе...

Доделени дипломите на ученици кои успешно ја завршија тригодишната Бреинобреин програма

Вчера, во просториите на Црвен крст Охрид, на мала свечаност во присуство на родителите, на втората генерација на ученици кои успешно ја завршија тригодишната Бреинобреин програмата за развивање на животни вештини во Центарот БОБ-Црвен крст Охрид, од страна на тренерите им беа доделени дипломите за завршено, последното 10-то ниво од оваа програма. Бреинобреин- Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини…

повеќе...

Груевски: Бесплатни магистерски и докторски студии за социјално ранливите граѓани

Се разгледува можноста социјално-ранливите категории граѓани кои ќе се запишат на магистерски и докторски студииње на еден од факултетите и универзитетите во државата во иднина да може да студираат бесплатно, изјави денеска премиерот Никола  Груевски на отпочнувањето на проширувањето на улицата „Маџари“ во општина Гази Баба. „За овие олеснувања неодамна  разговаравме во Владата. Тие се дел од нашите ветувања и Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за образование и наука при наредната промена на Законот за високо обрзование да се предвиди во упишувањето во вториот и трет циклус студии…

повеќе...

Доделени дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

На свечена церемонија во Македонскиот народен театар, во присуство на истакнати домашни и странски гости, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, свечено беа доделени дипломите на 5-тата генерација дипломирани студенти на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје. Во рамките на церемонијата, државниот секретар Шехапи на младите дипломци им посака успешна интернационална кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и добрата меѓусебна соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Меѓународниот балкански универзитет веќе пет години успешно претставува мост за соработка и размена…

повеќе...

Доделени уште 316 ваучери за таблети за студенти

Вкупно 4.886 студенти досега се стекнаа со право на вредносен ваучер за набавка на таблет преку владиниот проект што го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација. Одбиени се 1.701 барање поради повисоки приходи од бараните со повикот на МИОА, а 145 за неисполнување за условот со студиската програма. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за 542 барања поради погрешно внесени матични броеви, надлежната Комисија почнала постапка за утврдување на точните матични броеви за барателот и членовите на нивните семејства. Веднаш по утврдување на точните броеви и…

повеќе...