Утре ќе бидат врачени уверенијата за градоначалник и советници во Дебрца

Општинската изборна комисија Дебрца, утре со почеток во 11 часот, на новоизбраниот Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески од СДСМ и коалицијата, како и новоизбраните членови на Советот на општината свечено ќе им ги врачи уверенијата за избор.

повеќе...

Чичаковски: До 13 часот гласале 34,43 проценти, гласањето се одвива мирно

До 13 часот на ниво на држава на гласање излегле 34,43 проценти од избирачите, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. „Во изборна единица 1 излегле 38,35 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 33,71 проценти, во ИЕ 3 – 38,62 проценти, во ИЕ 4 – 39,9 проценти, во ИЕ 5 – 33,55 проценти, а во ИЕ 6 – 23,85 проценти“ – изјави Чичаковски. Тој додаде дека генерелната оценка на ДИК е дека гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, и засега немаат сознанија за нарушување на изборниот…

повеќе...

Во ДИК до денеска се пријавиле 6.984 спорни гласачи

Вкупно 6.984 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму. Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово. Извор: meta.mk

повеќе...

ДИК до вторник ќе ги објави имињата на спорните гласачи

На веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до вторник, ќе бидат објавени имињата на 39.502 спорни гласачи во избирачкиот список. Тие при последната теренска проверка не биле пронајдени дома или за нив нема пронајдено повеќе записи во институциите. ДИК ќе подготви упатства и формулар за пријавување, по што ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. Рокот за пријавување е 25 дена. Овие нови задолженија ДИК ги презема по договорот…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствена партија на гласачкото ливче

Без жрепка, Државната изборна комисија на денешната седница формално утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите. На денешната седница ДИК потврди дека СДПМ ги повлече своите кандидатски листи. По гласањето, реагираа членовите на ДУИ Субхи Јакупи и на СДСМ, Виолета Дума, и Игор Милев. Според Јакупи, досега во македонскиот плурализам не се случило на избори да биде поднесена само една листа поради што ДИК, на работен состанок,…

повеќе...

ДИК ги чека списоците, лидерите кокетираат, партиите калкулираат

Ниту една партија досега не поднела листи на членови за избирачките одбори, дознава „Мета“ од извори од Државната изборна комисија (ДИК). Рокот за поднесување листи истекува вечерва на полноќ. Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ има подготвено список со имиња на членови што ќе седнат во избирачките одбори и се очекува од партијата денеска да ги достави до општинските изборни комисии. Што се однесува, пак, на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, сепак, поднеле предлози за членови. Од СДСМ се категорични дека немаат намера да го сторат тоа затоа…

повеќе...

Проверка во избирачкиот список и електронски и лично

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата. Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број. Граѓаните, всушност, вршат увид во избирачки список во кој не е внесена никаква промена, затоа…

повеќе...

ДИК го изгласа роковникот изборната кампања почнува на 16 мај

Државната изборна комисија денеска го усвои роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори, закажани за 5 јуни. Според одлуката на ДИК, избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април. Проверката на списокот ќе трае 15 дена, а ќе биде затворен на 19 мај. Според роковникот, кандидатските листи на партиите ќе треба да се заклучат до 11 мај, а на 16 мај и официјално ќе почне изборната кампања. Од избирачкиот список ќе се избришат само 1.135 лица за кои е утврдено дека се починати. ДИК…

повеќе...

ДИК даде амин за избори, Чичаковски и двајцата членови од СДСМ ја напуштиле седницата

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, информираат за „Мета“ од ДИК. Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да гласаат за оваа точка од дневниот ред. Вметнување точка на дневниот ред со заклучок за тоа дали се исполнети условите за фер и демократски избори, побарале амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и…

повеќе...

Контролорите на ДИК од денеска на обука

Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список. Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи. На вчерашната седница, членовите на ДИК одлучија да се проверат вкупно 89.383 лица. Основаноста на сомнежите ќе се испитува преку анкетни прашалници, а од ДИК велат дека нема веднаш да се бришат спорните…

повеќе...