Утре започнува Интернационалната охридска регата 2017

Утре со почеток во 10:00 часот, на Градското пристаниште ќе се означи почетокот на Интернационалната охридска регата 2017. Организатор е Клубот за спортови на вода „Акватика“ во соработка со Општина Охрид. OHRID INTERNATIONAL SAILING REGATTA Notice of Race 29-30 July 2017 ORGANIZING AUTHORITY : The Organizing Authority is Yachting club “Aquatica Yachting” in conjunction with Municipality of Ohrid 1. Правила 1.1 Регатата ќе се одржи по упатството за едрење, , 1.2 , Дополнителни Упатства за едрење ќе бидат објавени на огласната табла од Регатниот Одбор. 1.3 Во случај на јазичен конфликт…

повеќе...

Традиционално ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во Охрид

Традиционално,  и оваа година ќе се одржи Илинденската едриличарска регата – Охрид 2015. Регатата ќе се одржи на 2 август на потегот од Горица 1 до Канео, со почеток во 10:00 часот. Организатори на овој настан се Едриличарската Федерација на Македонија, Едриличарскиот клуб „Бофор“ и Агенцијата за млади и спорт. На Илинденската едриличарска регата ќе настапат клубови од Македонија, а ќе се едри во класите Оптимист и Ласер 4.7.

повеќе...

„Акватика“ врши упис на нови членови во школата за едрење

Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти  јуни, од 11:00-17:00 часот. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. „Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски…

повеќе...

Меѓународна илинденска едриличарска регата

Во деновите 2-ри и 3-ти Август, во организација на Едриличарски клуб Бофор, Едриличарска Федерација на Македонија и АМС, во водите на Охридско езеро се одржа 46 меѓународна илинденска едриличарска регата на која зедоа учество едриличари од Албанија, Македонија и Швајцарија. „Условите за едрење беа поволни, свое присуство имаа и претставниците на Капетанија на пристанистата Охрид како и спасители од Црвен Крст Охрид.“- вели Стефан Ставрев од ЕК Бофор Охрид. Еве ги финалните резултати: класа Оптимист -генерален пласман 1.Стефан Негриески-Снегар Струга 2.Игор Каневче-Бофор-Охрид 3.Илија Јовчески-Снегар Струга -девојки 1.Јана Гаџовска-Бофор Охрид 2.Иселда…

повеќе...