СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца

Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Бројни проекти предвидени за УЗ „Видобишта“ и „Железничка“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, попладнево, одржа средба со жителите од урбаните заедници „Видобишта“ и „Железничка“. Покрај градоначалникот на средбата присуствуваа раководителите од Локалната самоуправа како и директорите од Јавните претпријатија. На средбата Бакрачески ги презентираше тековните проекти и развојните планови за овие урбани заедници. Жителите од УЗ Видобишта изразија голема благодарност до Локалната самоуправа за реализацијата на проектот за целосна реконструкција на улицата „Ристо Чадо“, која претставуваглавна сообраќајница за овој дел од градот и ги поздравија најавите за реализација на инфраструктурните проекти кои опфаќаат асфалтирање на неколку помали…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „Воска“

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, денес оствари средба со жителите на Урбаната заедница Воска. Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа. Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ Центар

Во рамки на континуираната комуникација со граѓаните, денес, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жителите од Урбаната заедница Центар. Целта на ваквите средби е преку една непосреден контакт со жителите, да се разговара за нивните приоритетни потреби, како и за нивните идеи и предлози за кои сметаат дека е можна нивна реализација во средината во која живеат. Токму низ едни вакви непосредни разговори со жителите од месните и урбаните заедници се произлезени голем дел од реализираните проекти или проектите чија реализација е во тек, а се од суштинско значење за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средба со жителите од УЗ Центар

Градоначалникот Бакрачески после посетата на поголем број месни заедници, од денес започнува средби со жителите од урбаните заедници. Денес со почеток во 17часот ќе оствари средба со жителите на УЗ Центар. Средбата ќе се оствари во голема сала на општина Охрид. На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

„Вистината за Македонија“ во Лабуништа

Општинската организација на СДСМ- Струга во рамките на проектот „Вистината за Македонија“ денеска ги посети жителите на струшко Лабуништа. При посетата заедно со активисти на Локалниот клуб на млади поделен и весникот со кој жителите ќе можат да се запознаат со се што се случувало со Македонија за време на речиси деветгодишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ. „Ќе ги посетиме сите населени места во Струга, „Вистината за Македонија“ мора да допре до секој нејзин граѓанин. Јавноста мора да се запознае со криминалното владеење на ВМРО- ДПМНЕ и за тоа на…

повеќе...

Средба со жителите на УЗ 4 „Воска“

Денес, со почеток во 19,00 часот во големата сала во Општина Охрид ќе се одржи Собир на граѓани, со жителите на Урбана заедница 4 „Воска“. На средбата ќе се избираат членови на Советот на Урбаната заедница.

повеќе...

Остварени средби со жителите на неколку месни заедници

Градоначалникот Бакрачески, заедно со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија, синоќа оствари средби со жителите на неколку месни заедници. Според претходно утврдена агенда средби со жителите се остварија во село Куратица, Вапила – Ливоишта и Косел. Целта на ваквите средби е запознавање на градоначалникот со тековните проблеми кои ги имаат овие луѓе, како и слушање на идеи преку кои можат да се решат. Покрај изнаоѓањето на решенија за проблемите од ваквите средби произлегуваат голем број на идеи кои преку разни проекти ќе бидат реализирани исто како што во минатото…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги посети Коњско и Рача

Градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и нивните соработници, денес ги посетија населбите Коњско и Рача. Во рамки на посетата, тие остварија средба и со жителите на овие две населби. На средбата присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, кои одговараа на прашањата од жителите. Градоначалникот Бакрачески, потсети на проектите кои Локалната самоуправа ги реализира во изминатиот период во овие населби и ги презентира плановите за идниот период. Исто така градоначалникот Бакрачески, најави дека во овие населби во наредниот период, инфраструктурно ќе бидат реализирани неколку…

повеќе...