Приведен осуденик во Кичево

На 19-ти овој месец, полициски оперативци од полициската станица од Кичево го пронајдоа и приведоа Р.А.(41) од Куманово – осудено лице на издржување на казна затвор во траење од 20 години за повеќе сторени тешки казнени дела. Истиот е лишен од слобода, а потоа е спроведен во Казнено поправниот дом во Штип. На 14 август, Р.А. бил пуштен на викенд со обврска да се врати на 16 август до 18 часот. Бидејќи не се вратил во Казнено поправната установа, по распишана потерница по него, полициските службеници од Кичево направија оперативни…

повеќе...

Приведен кичевчанец на ГП „Ќафасан“

Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на…

повеќе...

Доживотен затвор за извршителот на двојното убиство во „Император“ во Охрид

Првообвинетиот Бојан П. (31) од Охрид, ќе добие доживотна затворска казна поради двојното убиство извршено во август минатата година, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот „Император“ Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелоски (38) од селото Лескоец. Ова е пресудата што денеска на првообвинетиот му ја изрече судијата Билјана Белеска-Пројкоска, претседател на Судскиот совет при Основниот суд во Охрид што го водеше процесот. Второобвинетиот Ристо С. (31) исто така од Охрид, Судскиот совет го прогласи „виновен“ за помагање во извршувањето на кривичното дело, притоа изрекувајќи му затворска…

повеќе...

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

Завршна презентација на главните достигнувања и постигнати резултати на проектот „Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“, финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, се одржа денеска во Скопје. Проектот е фокусиран на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата и има за цел зајакнување на организациските и раководните капацитети на затворите за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во односот со притворените и осудените лица. Во однос на полицијата со проектот треба да се…

повеќе...

Претседателот Иванов даде помилувања на 45 осудени лица по повод 2-ри август

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод 2-ри Август 2015 година – Националниот празник на Република Македонија, даде помилување на 45 осудени лица, од кои 7 потполно, а 38 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

повеќе...

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески ослободен од притвор

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески денеска е ослободен од притвор, пишува порталот „А1он“. Како гаранција дека Петрески нема да ја напушти државата е ставена семејната куќа која е во сопственост на неговата мајка. Петрески заедно со уште петнаесетина други лица беше уапсен во акцијата „Јагула“ пред повеќе од четири месеци. Најголемиот дел од уапсените беа пуштени веднаш, додека на Петрески со уште тројца свои соработници им беше одредена мерка притвор. До сега четири пати му беше продолжен притворот на поранешниот градоначалник на Охрид. Министерството за внатрешни работи заедно со…

повеќе...

Фатен бегалец од струмичкиот затвор, инаку осуден во акцијата „Детонатор“

Од страна на РЦ за ГР “Исток“ и бугарската гранична полиција (РДПГ Ќустендил), спроведена е координирана акција со цел фаќање на лице бегалец од затворот во Струмица. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за локацијата на бегалецот, од страна на РЦ за ГР “Исток“ превземени се мерки за оперативно покривање на државната граница, во пределот на Малешевските планини и планината Огражден. Според оперативните сознанија, лицето по бегството од затворот, имало намера илегално да ја премине државната граница, за да по илегален пат ја напушти Р.Македонија и влезе во Р.Бугарија. За…

повеќе...

Лоциран и приведен осуденик на доживотна затворска казна

По предходно добиени оперативни сознанија, во раните утрински часови завчера (31.12.) СВР Куманово во содејство со ЦПС спроведе организирана акција при што е лишен од слобода Авди З. (47) од Куманово за кого беше распишана централна потерница за издржување на затвроска казна – доживотен затвор. Имено, меѓу другото, Авди З. е сторител на убиството од 09.11. 2013 година во Скопје во населбата Чаир, каде што на улицата Никола Петров со пет куршуми од пишто тој го застрелал Зеќир Зечири (46) од Гостивар. Исто така приведениот е сторител и на три…

повеќе...

Помилувања по повод Новата 2015 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Новата 2015 година, даде помилување на 24 осудени лица од кои 3 потполно, а 21 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

повеќе...

Во затвор се договориле да крадат возила, да ги растураат и да ги продаваат на делови

СВР-Скопје – Единица за општ криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Н.Ш. (58) од с. Оризари -Липково и Т.Ж. (71) од Скопје поради основано сомнение дека извршиле едно кривично дело – “тешка кражба“ предвидено и казниво по чл. 236 од КЗ на РМ. При тоа, од страна на судија во претходна постапка на Т.Ж. му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, а додека Н.Ш. во моментот е недостапен на органите на прогонот. Кривичното дело го извршиле на тој начин што најпрво пријавениот Н.Ш. откако…

повеќе...