Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола. Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек. На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија. WebOhrid
повеќе...