ФФМ ќе инкасира вкупно 2450 евра од неколку клубови поради слаба организација на натпревари

Дисциплинската комисија на ФФМ, постапувајки по пријавите од Комисија за натпреварување на ФФМ на ден 13.04.2017 ги донесе следните одлуки: ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ;  Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци; ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 – ФК Вардар…

повеќе...

Владата ги утврди и достави до Собранието законите за намалување на казните за фирмите

Владата на вчерашната седница усвоила 78 материјални закони со кои се заокружува целосното функционирање на системот за намалување на казните. Предлог-законите се испратени до Парламентот и во најскоро време се очекува да бидат усвоени. Премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на дебарско-реканскиот крај, посочи дека се исполнува уште едно ветување дадено пред изборите кое не можело да се реализира по победата во 2014 година иако бил донесен закон затоа што не можело да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието. „Казните ќе бидат намалени за неколку пати. За помалите…

повеќе...

Контроли и во угостителски објекти во Охрид и Кичево – изречени глоби во пет локали

Припадници на СВР Охрид во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера, по претходно изготвен план, реализираа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ПС од ОН Охрид, при што беа опфатени девет угостителски објекти („Летница“, „Алвариус“, „Кадмо“, „Перла“, „Пијано бар“, „План Б“, „Објектив“, „Барон“ и „Американо“), информираат од МВР. Од извршените контроли во два угостителски објекти („Перла“ и „Кадмо“) од страна на УЈП констатирани се неправилности по однос на фискализацијата за што од нивна страна e изречена глоба во висина од…

повеќе...

Заеднички контроли – МВР, УЈП, Државен Пазарен инспекторат

Во рамките на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат, во изминатите три дена УЈП спроведе даночни контроли во 53 објекти од кои во 29 утврдени се неправилности во делот на фискализацијата. КУМАНОВО, ЛИПКОВО И ОПАЈЕ – 11 даночни контроли, од кои во 9 се утврдени неправилности СКОПЈЕ (Центар и Чаир) – 10 даночни контроли, од кои во 7 се утврдени неправилности СТРУГА – 8 даночни контроли, од кои во 1 е утврдена неправилност РАДОВИШ – 6 даночни контроли, од кои во сите објекти нема утврдено неправилност…

повеќе...