150 деца со нетрпение ги одбројуваат деновите до стартот на Вториот летен спортско-едукативен камп Охрид 2017

Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ го најавува одржувањето на Вториот летен спортско – едукативен камп кој ќе се одржи од 10.07 (понеделник) до 16.07 (недела) во Хотел Десарет Охрид. Оваа година на летниот камп ќе учествуваат 150 деца од Охрид, Скопје и Крагуевац (Р.Србија). Како и минатата година Летниот камп ќе биде исполнет со многу спортски, забавни и едукативно – образовни активности со дополнителен акцент на презентацијата на нашето природно, културно и историско богатство, збогатено со многу работилници и креативни активности кои веруваме ќе се…

повеќе...

Во тек е пријавувањето за Вториот спортско-едукативен летен камп Охрид 2017

Останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017. Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година – Хотел Десарет. Бројот на учесници е ограничен така што Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги повикува сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое ќе го паметат целиот свој живот.…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права

Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…

повеќе...

КФМ организира селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година

Претстојниот викенд ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година односно М14 возрасна категорија. Јуниорите, поделени во три термини во зависност од регионот каде е стациониран клубот, ќе одржат тренинг во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) во Скопје, в недела на 25 февруари. РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ: 09:00-11:00 часот КК Водњански лисици; КК Водно санс; КК Работнички; КК Јуниор Скопје; КК Плејмејкер; КК Борец Баскет. 11:00-13:00 часот КК Крива Паланка; КК Куманово; КК Лирија 77; КК Пинк Пантери; КК Бал фор лајф; КК Милановски;…

повеќе...

Затворен летниот камп „Ја сакам Македонија – 2016

Денеска во хотелот „Десарет” во Охрид, беше затворен овогодинешниот Летен камп „Ја сакам Македонија – 2016“, којшто во организација на Министерството за надворешни работи се одржa од 14-ти до 21-ви август. На кампот учествуваa деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и регионот и истиот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите, и создавање долгорочни врски меѓу нив. Присутните ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, кој говореше за улогата…

повеќе...

Започна второто издание на StartQube летниот камп за бизниси во Охрид

Вчера во Велестово, Охрид официјално започна второто издание на летниот камп за претприемачи и стартапи познат како StartQube, кој ќе трае една недела. Во текот на настанот, 15тина учесници, 4 ментори и организаторите живеат заедно и споделуваат идеи и искуства за градење бизниси и развивање на идеи до бизнис. Во текот на кампот преку 14 работилници кои ја сочинуваат уникатната програма на StartQube од А до Ш се покрива развивањето на една идеја до целосен и самоодржлив бизнис. Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се…

повеќе...

Директорот на АМС во посета на Училишниот спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016“ и имаше можност да се запознае со најдобрите од училишниот спорт. „Денес, по втор пат имам можност да ги посетам најдобрите ученици-спортисти од втората смена на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016“ кој камп започна на 4 јули и ќе трае до 9 јули. Учениците-спортисти се селектирани како најдобри од училишните спортски игри. Во придружба со мене се познатите македонски спортски легенди Јошко Миленковски (одбојка) и Зоран Бошковски-Чоко…

повеќе...

Охрид домаќин на Летен спортско едукативен камп за млади

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“ го најавува организирањето на Летен спортско едукативен камп кој за прв пат ќе се одржи оваа година во Охрид и тоа почнувајќи од денес (7 јули) и ќе трае седум дена се до 13ти јули во хотел Десарет. На него учествуваат 70 деца од Охрид, Скопје, Битола и Крагуевац (Р. Србија). „Целта на кампот, кој претставува почеток на една традиција која ние охриѓаните за жал сме ја подзаборавиле во минатите години, е обновување на социјализирањето, едукацијата и спортувањето на нашите деца со…

повеќе...

Министерот Јолевски го отвори „Летниот Кампус 2016“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, со свое обраќање го отвори меѓународниот одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2016“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Тој најнапред им посака добредојде на сите питомци од тринаесет земји учеснички на кампусот и на припадниците од муслиманска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам. „Да се биде заедно со припадници од другите земји присутни овде на кампусот од три континенти, членки и партнери на НАТО, ќе ве направи посилни личности. Заканите со кои сите ние се соочуваме и со кои треба да…

повеќе...

Директорот на АМС, Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа. Заедно со нас се спортистите каратистот Мартин Несторовски и кошаркарот Огнен Стојановски, кои имаа можност да поразговараат и да ги пренесат своите искуства на учесниците на спортскиот камп. Воедно во текот на училишниот спортски камп учество ќе земат и други врвни спортски имиња кои се дел од македонските спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков,…

повеќе...