Во недела ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“

На 02.07.2017 година (недела), со почеток во 21:00 часот ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“, во организација на Телевизија Морис Охрид. За прв пат оваа година фестивалот добива локација во центарот на градот, односно на градското пристаниште, непосредно во близина на споменикот „Фаќач на крст“,што значи дека фестивалот ќе биде отворен за сите посетители. „Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии од кои ќе бидат одбрани најдобрите од страна на стручното жири, ама и присутната публика ќе има можност…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на снимањето на филмот „Дедо и внук“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, присуствуваше на снимањето на филмот „Дедо и внук“ што е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. „Сакам да го изразам своето чувство на задоволство од несекојдневната прилика што ја имав денес, да присуствувам на некои од крајните сцени од снимањето на филмот „Дедо и внук“, во сценарио и режија на нашиот Илија Пиперкоски и продуцентот господинот Антов. Филмот создава одлична можност за промоција и афирмација на Охрид, насекаде каде што овој филм ќе биде прикажуван и гледан. Чинам дека ова е втор филм кој што е…

повеќе...

Отслужена света литургија во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео

По повод празникот Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, денес беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Свечено отворено 15-то издание на „Канеофест“ 2016

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено петнаесеттото издание на фестивалот „Канеофест“ 2016, кој веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид. На првата фестивалска фолк вечер беа изведени 22 нови композиции. Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и богат ревијален дел кој за посетителите ќе приреди незаборавна вечер. Фестивалот е поддржан од Општина Охрид. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

Светли четврток

Православните христијани денеска го одбележуваат Светли Четврток. По тој повод, со почеток во 9:00 часот ќе се служи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид.

повеќе...

Архиерејска литургија за Светли Четврток

На 5-ти мај (четврток), на Светли Четврток ќе се служи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

повеќе...

Убавините на Охрид на насловната на „Национална Географија“

Симболот на Охрид, поточно црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се најде на насловната страна на списанието „Национална Географија“. Црквата „Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. Прекрасната фотографија го промовира западен Балкан и неговите убавини во туристичка дестинација која мора да се посети. Фотографијата од Канео се најде на насловната страна на изданието насловено како „100 места кои ќе ви го променат животот“. Извор: Нет Прес

повеќе...

Отслужена литургија во манастирот „Св. Јован Богослов“ – Канео

Денес на празникот Собор на свети Јован Претеча и Крстител, во манастирот „Св. Јован Богослов“ – Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Димче Азески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Општина Охрид со апел да не се скока во езерската вода од опасната карпа кај Канео

Со оглед на зачестените интервенции  на спасителите на вода кои се распоредени на капалиштата Канео и Потпеш, а кои се однесуваат на извлекување од  езерската вода и укажување на прва помош  на млади лица кои се повредиле од скокање во вода од карпата „Кукуле“ кај Канео , општина Охрид апелира до охриѓани и гостите во иднина да се воздржат од вакви ризични скокови со цел да не дојде до  несакани случувања со трагичен крај. Карпата „Кукуле“ е со  недоволно безбеден пристап и не е наменета за скокање. Нерамното плитко и…

повеќе...

Света архиерејска литургија за Светли Четврток

Утре, 16-ти април, на Светли четврток ќе се служи света Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

повеќе...